Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

30 мај 2026

Трамп: „Јас сум поголема атракција од Елвис. И тоа без гитара“

30 мај 2026

Патот Кичево-Стража е затворен поради судир на 4 возила

30 мај 2026

Бил под дрога и свртел на дупла полна линија, приведен 31 годишен возач кој синоќа усмрти 19 годишен моторџија во Скопје

30 мај 2026

(Фото) Музафер Фетахи е младото момче кое загина на Пластичарска: возачот на автомобилот е задржан, снимките од камерите се земени од обвинителот

30 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 31
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Бил под дрога и свртел на дупла полна линија, приведен 31 годишен возач кој синоќа усмрти 19 годишен моторџија во Скопје

Press OnlineBy Press Online30 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот “Никола Карев” и кога дошол до крстосницата со улицата “Прохор Пчињски”, не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата.

Исто така, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилото го управувал под дејство на наркотична дрога.

Бидејќи не се придржувал кон прописите  осомничениот свесно го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл БМВ, додека во задниот дел на неговиот автомобил удрил мотоцикл Хонда ХДВ, кои доаѓале од спротивна насока и се движеле паралелно.

Од силината на ударот, оштетениот кој управувал со мотоциклот БМВ се здобил со тешки телесни повреди од кои починал.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Извор: 4news.mk 



Поврзани содржини

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

30 мај 2026

Патот Кичево-Стража е затворен поради судир на 4 возила

30 мај 2026

(Фото) Музафер Фетахи е младото момче кое загина на Пластичарска: возачот на автомобилот е задржан, снимките од камерите се земени од обвинителот

30 мај 2026
НАЈНОВО

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

30 мај 2026

Трамп: „Јас сум поголема атракција од Елвис. И тоа без гитара“

30 мај 2026

Патот Кичево-Стража е затворен поради судир на 4 возила

30 мај 2026

Бил под дрога и свртел на дупла полна линија, приведен 31 годишен возач кој синоќа усмрти 19 годишен моторџија во Скопје

30 мај 2026

(Фото) Музафер Фетахи е младото момче кое загина на Пластичарска: возачот на автомобилот е задржан, снимките од камерите се земени од обвинителот

30 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.