Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

31 мај 2026

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

30 мај 2026

Трамп: „Јас сум поголема атракција од Елвис. И тоа без гитара“

30 мај 2026

Патот Кичево-Стража е затворен поради судир на 4 возила

30 мај 2026

Бил под дрога и свртел на дупла полна линија, приведен 31 годишен возач кој синоќа усмрти 19 годишен моторџија во Скопје

30 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 31
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

Press OnlineBy Press Online30 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска со објава на социјалните мрежи реагираше по објавените снимки и сведоштва за семејно насилство што денес ја вознемирија јавноста, оценувајќи дека проблемот не е само во насилникот, туку и во општествената толеранција кон ваквите појави.

„Жестоко ме вознемирија снимките и сведоштвата што денес ја потресоа јавноста. Ако пред очи на луѓе жена е тепана и давена, а од околината стигнува реченица од типот ‘маж ѝ е, што сака нека ѝ прави’, тогаш проблемот не е само во насилникот. Проблемот е и во страшната нормализација на насилството“, напиша Петровска на социјалните мрежи.

Таа потенцира дека ниту еден маж нема право да понижува, тепа, дави, контролира или заплашува жена и порача дека ниту една жртва не смее да остане сама.

Петровска потсети дека државата располага со Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, нагласувајќи дека институциите не смеат да останат само набљудувачи.

„Институциите, а пред сѐ МВР, мораат да постапуваат брзо, одлучно и без компромис кога има сомнеж за семејно или родово базирано насилство. Граѓаните имаат и обврска и право да пријават преку 192 или 112“, истакна таа.

Во својата објава, Петровска повика на нулта толеранција за семејното насилство, итна реакција од надлежните институции, поголема заштита на жртвите и подигнување на јавната свест дека насилството не е приватна работа.

„Најопасната реченица во едно општество е: ‘Не се мешај’. Напротив, мора да дејствуваме. Мора да пријавиме. Мора да се спротивставиме. Бидејќи молкот го штити насилникот“, порача Петровска.

Таа изрази поддршка за сите жени и деца кои се соочуваат со страв, закани и насилство, оценувајќи дека борбата против семејното насилство е борба за достоинство, безбедност и човечност, објави Скопје1.мк



Поврзани содржини

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

31 мај 2026

Патот Кичево-Стража е затворен поради судир на 4 возила

30 мај 2026

Бил под дрога и свртел на дупла полна линија, приведен 31 годишен возач кој синоќа усмрти 19 годишен моторџија во Скопје

30 мај 2026
НАЈНОВО

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

31 мај 2026

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

30 мај 2026

Трамп: „Јас сум поголема атракција од Елвис. И тоа без гитара“

30 мај 2026

Патот Кичево-Стража е затворен поради судир на 4 возила

30 мај 2026

Бил под дрога и свртел на дупла полна линија, приведен 31 годишен возач кој синоќа усмрти 19 годишен моторџија во Скопје

30 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.