На сервисна улица кај Гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје вчера се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена 75-годишна жена, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, несреќата била пријавена на 30 мај во 10:45 часот, кога патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот М.П. од Скопје, удрило во 75-годишната Д.Т., исто така од Скопје.
Во несреќата, пешачката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

