Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Партијата на Села се преименува во „Албанска лига“

31 мај 2026

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

31 мај 2026

Опозицијата предводена од СДСМ се ребрендира во „Фронт за слобода и правда“

31 мај 2026

Лажно се претставувале како 14-годишно девојче и намамувале мажи, МВР ги гони

31 мај 2026

Франција побара итна седница во ОН за напредувањето на Израел во Либан

31 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 31
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Опозицијата предводена од СДСМ се ребрендира во „Фронт за слобода и правда“

Press OnlineBy Press Online31 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денеска соопшти дека коалицијата предводена од партијата со која раководи ќе продолжи да дејствува во, како што рече, една нова форма – „Фронт за слобода и правда“. Филипче ова го кажа во изјава за медиумите пред почетокот на денешниот изборен конгрес на коалицискиот партнер НСДП, заблагодарувајќи се за поддршката што во рамките на коалицијата ја дава оваа партија.

Момент од денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче / Фото: СДСМ

„Денес сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и им благодарам за коалициската поддршка што ја даваат долги години наназад, а тоа е доказ дека навистина споделуваме идентични, би рекол, вредносни политики. Коалицијата и соработката продолжува и понатаму, сега во една нова форма – ‘Фронтот за слобода и правда’“,

рече лидерот на СДСМ.

Тој ги повика сите политички партии, граѓански организации, активисти, интелектуалци, млади, студенти да се приклучат на иницијативата, чија цел е, како што кажа, да се спротивстави на актуелната власта и нејзините штетни политики.

Да се приклучат кон „Фронтот за слобода и правда“, Филипче ги повика и политичките партии кои се дел од актуелната владејачка коалиција бидејќи, рече, занат дека оваа власт не ја води државата како што треба.

„Ги повикуваме заеднички во фронтот да се бориме против оваа криминална власт која го пљачка и последниот денар од буџетот, додека тие уѓиваат и се богатат на сметка на граѓаните. Против оваа криминална власт која ја држи земјата во изолација, а тие сите имаат бугарски пасоши во џебовите, и против оваа криминална власт којашто одработува за туѓи интереси, пред сè српски и руски, сакајќи да останеме изолирани и ‘слепо црево’ на Балканот“,

рече Филипче.

Ваквите политики на власта, порача тој, нема да ѝ поминат на актуелната владејачка гарнитура и Македонија повторно, ќе биде на исправниот пат кон Европската Унија, повторно ќе биде демократска и слободна и повторно младите во неа ќе ја гледаат својата иднина.

„Крајната цел ќе биде оваа криминална власта да заминем да ја ослободиме држава, да се вратиме на европскиот пат, а бандата предводена од Христијан Мицкоски да одговара и да враќа пари“,

рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз.

Тој се осврна и на барањето на СДСМ за референдум на кој граѓаните би се изјасниле околу европските интеграции, кој, како што кажа, власта има обврска да го распише затоа што нема право да го запира европскиот пат на државата.

„Затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција и никогаш не кажаа дека ќе го бликираат европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе го вратат името, дека ќе го укинат Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство (со Бугарија) и ништо од тоа не направија. Дојдоа на власт со една голема лага со една пропаганда којашто е финансирана, стимулирана и поддржана од други земји и затоа што оваа власт одработува за други земји, тие тоа право го немаат. Овин ‘Фронт’ има за цел во очи следните избори, без разлика кога се, дали се предвремени или редовни, да ја врати власта во рацете на граѓаните“,

изјави Филипче.

Поврзани содржини

Партијата на Села се преименува во „Албанска лига“

31 мај 2026

Лажно се претставувале како 14-годишно девојче и намамувале мажи, МВР ги гони

31 мај 2026

Судир на „Фолксваген“ и „Тојота“ во Скопје, жена заврши со тешки повреди

31 мај 2026
НАЈНОВО

Партијата на Села се преименува во „Албанска лига“

31 мај 2026

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

31 мај 2026

Опозицијата предводена од СДСМ се ребрендира во „Фронт за слобода и правда“

31 мај 2026

Лажно се претставувале како 14-годишно девојче и намамувале мажи, МВР ги гони

31 мај 2026

Франција побара итна седница во ОН за напредувањето на Израел во Либан

31 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.