Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„Трамп е во одлична здравствена состојба“ и покрај отоците

31 мај 2026

„Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда – уште една лага на Мицкоски“, велат од СДСМ

31 мај 2026

Бугарска пропаганда без граници: Тито бил поголем џелат од Хитлер!

31 мај 2026

Page not found – Либертас

31 мај 2026

Трамп тврди: Иран се согласил да не развива нуклеарно оружје

31 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 31
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Бугарска пропаганда без граници: Тито бил поголем џелат од Хитлер!

Press OnlineBy Press Online31 мај 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бугарската пропаганда нема граници. Откако почнаа да и ја пишуваат историјата на Македонија, да ни ги критикуваат внатрешните состојби и да бараат отворање на досиеја за репресии во минатото, откако и се нафрлија на Србија со исти сценарија и закани, сега тргнаа во ширење на невистини за Јосип Броз Тито, место да ја расфетлат улогата на нивните дикатори во времето кога беа дел од Источниот блок и да ги прочистат институциите од кадрите на нивната тајна служба, што ги има насекаде.

Сега, БГНЕС промовира филм со наслов  „Тито: Џелатот на 20 век“ во кој според нив се  разбива митот за Југославија, државата која им ги осуети намерите да прават Голема Бугарија. Во рамките на овој пропаганден филм тврдат дека Тито бил полош од Хитлер и дека во негово време имало масакари, репресии од страна на тајните служби, масовни гробници на незакопани маченици, наводно од „крвавиот владетел  Тито и неговите бандити“.

-46 години по смртта на диктаторот Јосип Броз Тито, светот продолжува да живее со лажниот мит за „хуманата слика“ на комунистичкиот режим во Југославија. Филмот на агенцијата БГНЕС „Тито: Џелатот на 20 век“ го разбива овој мит. Продукцијата е снимена во сите земји од поранешна Југославија. Филмот е, во голема мера, уникатен за Бугарија, за Балканот и за светот, бидејќи за прв пат малку познати настани од историјата се собрани во конзистентен наратив. Историчари, новинари и роднини на репресираните стоеја пред камерата, раскажувајќи ја истата приказна на различни јазици.

Масакри, репресии од страна на тајните служби, масовни гробници на непогребани маченици – ова е ужасното лице на Југославија, создадено од крвавиот негодник Тито и неговите бандити. Секако, вистината вешто ја криеше југословенската пропаганда со децении.

Поранешниот раководител на словенечките архиви Јоже Дежман изразува надеж дека отворањето на архивите на југословенската државна безбедност (УДБА) конечно ќе ја изнесе вистината на виделина. Словенечкиот новинар Роман Лељак рече дека Тито го надминал дури и Адолф Хитлер во својата суровост. Српскиот историчар Срѓан Цвековиќ вели дека обемот на злосторствата бил толку голем што би помислил дека Балканот, а не Германија, бил центар на геноцид.Филмот раскажува за настани што се случиле во последните години од Втората светска војна и веднаш по неа. Последиците од овие настани, сепак, сè уште ги оптоваруваат поранешните југословенски републики.Филмот ќе ги смени идеите на многу луѓе за вистинската природа на Југославија. Очекувајте ја премиерата на 5 јуни, го најавува овој филмски пропаганден материјал БГНЕС, кој самиот важи за медиум платформа на службите во Бугарија кој очигледно има пари да се расфрла со откривање историски вистини. 

Поврзани содржини

Скандал со „белиот орел“ во Белград: Како билбордот на партијата на Вучиќ предизвика јавен бунт

30 мај 2026

САД отстранија од црната листа бугарски бизнисмен

30 мај 2026

Ердоган се помоли во Света Софија

30 мај 2026
НАЈНОВО

„Трамп е во одлична здравствена состојба“ и покрај отоците

31 мај 2026

„Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда – уште една лага на Мицкоски“, велат од СДСМ

31 мај 2026

Бугарска пропаганда без граници: Тито бил поголем џелат од Хитлер!

31 мај 2026

Page not found – Либертас

31 мај 2026

Трамп тврди: Иран се согласил да не развива нуклеарно оружје

31 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.