Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Скопје повторно ќе добие саем? Нова локација пронајдена во близина на „Џевахир“

31 мај 2026

Полицијата досега уапсила 780 лица по „славењето“ фудбалска победа во Франција

31 мај 2026

Верижен судар на возила од четири држави на магистралниот пат Кичево-Гостивар

31 мај 2026

Партијата на Села се преименува во „Албанска лига“

31 мај 2026

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

31 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 31
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Полицијата досега уапсила 780 лица по „славењето“ фудбалска победа во Франција

Press OnlineBy Press Online31 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека полицијата уапсила околу 780 лица во текот на ноќта по победата на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, од кои повеќе од 450 се задржани во притвор. Тоа е за 32 проценти повеќе од минатата година за истиот настан.

Тој оцени дека ситуацијата во целина била „под контрола“, но призна дека собирите на навивачи и таканаречените навивачи кои ги предизвикаа нередите претставуваат сериозен предизвик за полицијата.

Исто така,  219 лица се повредени во жестоките судири меѓу фудбалските навивачи и полицијата ширум Франција, кои избија по победата на Пари Сен Жермен (ПСЖ) во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал. Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, соопшти дека осум лица се наоѓаат во критична состојба.

За да се спречи ескалацијата на насилството, кое целосно го парализираше автобускиот и железничкиот сообраќај во главниот град, беа распоредени илјадници полицајци. Во судирите со насилните групи, повредени се и 57 припадници на безбедносните сили.

Во текот на хаотичната ноќ беше регистриран и еден смртен случај – едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на обиколницата околу Париз, која демонстрантите се обидоа да ја блокираат.

Овие драматични сцени од Париз будно потсетуваат на нередите кои се случија и минатата година, кога навивачите на ПСЖ на сличен начин ја прославуваа европската титула.

Поврзани содржини

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

31 мај 2026

Франција побара итна седница во ОН за напредувањето на Израел во Либан

31 мај 2026

Револуцијата на батериите во домаќинствата што би можела да ги промени сметките за енергија и светот

31 мај 2026
НАЈНОВО

Скопје повторно ќе добие саем? Нова локација пронајдена во близина на „Џевахир“

31 мај 2026

Полицијата досега уапсила 780 лица по „славењето“ фудбалска победа во Франција

31 мај 2026

Верижен судар на возила од четири држави на магистралниот пат Кичево-Гостивар

31 мај 2026

Партијата на Села се преименува во „Албанска лига“

31 мај 2026

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

31 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.