Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Дубаи за џабе: Не плаќате сместување, парите ги трошите на спа-центри и ресторани

2 јуни 2026

Албанското специјално обвинителство отвори истрага за проектот поврзан со зетот на Трамп

2 јуни 2026

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

2 јуни 2026

Власта тргна во пресметка со ССМ и УПОЗ – Трендафилов и Деановски да кажеле дали наградувале членови блиски до СДС

2 јуни 2026

Повеќето нови германски државјани го задржуваат своето оригинално државјанство

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ИРГК ги потврди иранските одмазднички напади врз американска воздухопловна база

Press OnlineBy Press Online2 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) денеска објави дека извршил одмазднички напади врз воздухопловната база што САД ја користеле за да започнат воен напад врз телекомуникациска кула на југот на Иран, објавија денеска иранските медиуми.

Во соопштението се наведува дека иранските воздухопловни сили ја погодиле и уништиле воздухопловната база од која „агресивната американска армија“ започнала напад врз телекомуникациска кула на островот Сирик, во покраината Хормозган, на југот на Иран, пренесе државната телевизија Прес.

„По агресијата извршена пред неколку часа од страна на агресорната американска армија врз комуникациската кула на островот Сирик, во покраината Хормозган, припадниците на воздухопловните сили на ИРГК ја гаѓаа воздухопловната база од која бил започнат нападот. Претходно утврдените цели се уништени“, се наведува во соопштението ИРГК.

Воздухопловните сили на ИРГК, исто така, издадоа строго предупредување против понатамошни воени дејствија, нагласувајќи дека секој иден напад би предизвикал посериозни одговори.

Централната команда на САД (CENTCOM) синоќа објави дека во текот на викендот извршила „удари во самоодбрана“ врз иранските радарски и командно-контролни објекти во градот Горук и островот Кешм.

„Целните одбранбени напади беа извршени во саботата и неделата како одговор на агресивните ирански акции, кои вклучуваа соборување на американски дрон MQ-1 што леташе над меѓународни води. Американските ловци брзо реагираа и ги уништија иранските системи за воздушна одбрана, контролна станица на копно и два дрона за еднонасочни напади што претставуваа јасна закана за бродовите што пловат во регионалните води“, соопшти CENTCOM во соопштението на Икс, додавајќи дека ниту еден американски војник не е повреден.

CENTCOM објави дека ќе продолжи да ги штити американските сили и интереси како одговор на неиспровоцирана иранска агресија за време на тековното прекин на огнот.

Поврзани содржини

Дубаи за џабе: Не плаќате сместување, парите ги трошите на спа-центри и ресторани

2 јуни 2026

Повеќето нови германски државјани го задржуваат своето оригинално државјанство

2 јуни 2026

Либан соопшти дека Хезболах го прифатил американскиот предлог за прекин на нападите врз Израел

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Дубаи за џабе: Не плаќате сместување, парите ги трошите на спа-центри и ресторани

2 јуни 2026

Албанското специјално обвинителство отвори истрага за проектот поврзан со зетот на Трамп

2 јуни 2026

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

2 јуни 2026

Власта тргна во пресметка со ССМ и УПОЗ – Трендафилов и Деановски да кажеле дали наградувале членови блиски до СДС

2 јуни 2026

Повеќето нови германски државјани го задржуваат своето оригинално државјанство

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.