Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Нови бизарни руски тактики се шират низ бојното поле

2 јуни 2026

Јакимовски- Еве го премиерот се истопори да отвори детски базен во Карпош кај спортската сала Наум Наумовски – Борче или Партизан 4.

2 јуни 2026

Андоновска: Ние баравме ревизија – бил купен мрежен кабел за 15.000 евра a за 100-годишнината на ИЈЗ потрошиле 50.000 евра

2 јуни 2026

ЕК препорачува целосно укинување на внатрешните гранични проверки помеѓу земјите од Шенген зоната

2 јуни 2026

(Видео) Кошта до Мицкоски: Уставните измени се единствениот начин за формално отворање на преговорите со ЕУ

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Ревизорите утврдија низа неправилности во Институтот за јавно здравје

Press OnlineBy Press Online2 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија за 2024 година.



Ревизијата била спроведена на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопственото учество на осигурените лица во цената на здравствените услуги и други сопствени приходи.

„Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, се наведува во извештајот на ДЗР.

Ревизорите констатирале повеќе слабости во работењето на институцијата, меѓу кои нецелосна евиденција за приемот и потрошувачката на медицински материјали, како и неевидентирање на приемот и потрошувачката на вакцини во деловните книги.

Дополнително, било утврдено дека пописот на побарувањата не е извршен во целост, а за побарувањата во вредност од над 18 милиони денари, постари од три години, не биле преземени активности за наплата.

Во извештајот се наведува и дека активностите предвидени со Националната годишна програма за јавно здравје за 2024 година не биле реализирани во целост, како и дека не се воспоставени сите законски предвидени регистри што се во надлежност на Институтот.

Ревизијата утврдила и слабости во дел од постапките за јавни набавки, неправилности поврзани со ангажирани лица по договор на дело, недоследности при издавање деловен простор под закуп, како и случаи на несоодветни исплати на плати и надоместоци.

Меѓу забелешките е наведено и дека дел од медицинската опрема не е ставена во употреба.

Од ДЗР потсетуваат дека и во претходна ревизија било изразено неповолно мислење за работењето на Институтот. При проверката на спроведувањето на препораките од претходниот извештај било утврдено дека дел од нив останале неспроведени или само делумно реализирани.

На извештајот забелешки доставиле поранешниот директор на Институтот, проф. д-р Шабан Мемети, како и актуелната в.д. директорка, научен соработник д-р Марија Андоновска. Од доставените забелешки, ревизорите прифатиле само една, додека останатите биле одбиени поради недостиг на дополнителни докази објави Скопје1.мк



Поврзани содржини

Јакимовски- Еве го премиерот се истопори да отвори детски базен во Карпош кај спортската сала Наум Наумовски – Борче или Партизан 4.

2 јуни 2026

Андоновска: Ние баравме ревизија – бил купен мрежен кабел за 15.000 евра a за 100-годишнината на ИЈЗ потрошиле 50.000 евра

2 јуни 2026

(Видео) Кошта до Мицкоски: Уставните измени се единствениот начин за формално отворање на преговорите со ЕУ

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Нови бизарни руски тактики се шират низ бојното поле

2 јуни 2026

Јакимовски- Еве го премиерот се истопори да отвори детски базен во Карпош кај спортската сала Наум Наумовски – Борче или Партизан 4.

2 јуни 2026

Андоновска: Ние баравме ревизија – бил купен мрежен кабел за 15.000 евра a за 100-годишнината на ИЈЗ потрошиле 50.000 евра

2 јуни 2026

ЕК препорачува целосно укинување на внатрешните гранични проверки помеѓу земјите од Шенген зоната

2 јуни 2026

(Видео) Кошта до Мицкоски: Уставните измени се единствениот начин за формално отворање на преговорите со ЕУ

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.