Во вторникот во Калифорнија (и уште во неколку други американски држави) се во тек гласањата на примарните избори за кандидати за различни политички функции. Демократите и републиканците го избираат својот кандидат за гувернер на Калифорнија. Трката во Калифорнија стана една од најлудите во живата меморија, затоа што нема ниту еден изразит фаворит.
Мултикултурализмот во сончевата држава е изразен и со плакатите на гласачките места. На ова место во Лосе Анџелес повикот „Гласајте овде“, освен на англиски е напишан и на 12 други јазици. Шпански, кинески, индиски, грузиски… И никому тоа не му пречи.

