Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Словенечкиот парламент ја изгласа новата влада предводена од Јанша

4 јуни 2026

Рокас: Проблемот со депонијата во Струга е голем, потребно е итно решение

4 јуни 2026

Електричните тротинети ќе мора да се регистрираат?

4 јуни 2026

Влада: Мицкоски утре ќе присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан – во фокусот европската интеграција на регионот

4 јуни 2026

Русија остро реагира на првата заедничка воена вежба на Србија со НАТО

4 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, јуни 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Влада: Мицкоски утре ќе присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан – во фокусот европската интеграција на регионот

Press OnlineBy Press Online4 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Премиерот Христијан Мицкоски утре (5 мај) ќе присуствува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора, соопштија попладнево од Владата.

Претседателот на Владата на РС Македонија, Христијан Мицкоски / Фото: Влада на РС Македонија, Сектор за односи со јавност
Самитот, како што се наведува во соопштението ќе се одржи во хотелот Regent Porto Montenegro, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија.

По завршувањето на Самитот утре попладне во 15:30 часот, како што информираат од Владата, е предвидена заедничка прес-конференција во Naval Heritage Museum во Тиват.

Премиерот минатата недела, одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, каде, како што рече очекува, меѓу другото, да слушне повеќе детали за новите концепти и идеи околу процесот на проширување на Европската Унија. Изјавата на Мицкоски конкретно се однесуваше на предложениот модел на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој повика на иновативни решенија за забрзување на процесот на проширување, ставајќи посебен фокус на Украина, но и на земјите од Западен Балкан и Молдавија.

Мицкоски рече дека не би можел да коментира нешто додека тие размуслувања и идеи не станат официјални, а повеќе детали за овие концепти, кои, како што рече, ги слушаат подолго време, очекува да слушн на Самитот во Тиват.

„Тие размислувања и идеи ние ги слушаме веќе подолго врее, но не би можел да коментирам ништо додека не станат официјални. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните иште на состанокот на Берлинскиот процес во Лондон есента минатата година. Она што можат да го кажам во овој момент е дека сме љубопитни да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа претпоставувам ќе се случи на Самитот во Тиват од 4 до 5 јуни. Јас ќе бидам таму и со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и идеи. Откако ќе имаме повеќе суштин, тогаш ќе можеме да зборуваме и подетално во јавноста“,изјави Мицкоски на 29 мај.

Самитот во Тиват на едно место ќе ги собере преставиците на европските институции и на земји членки на ЕУ на највисоко политичко ниво. Меѓу нив се претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, шпанскиот премиер Педро Санчез, италијанскиот премиер Џорџа Мелони и бројни други европски и регионални лидери.



Поврзани содржини

Рокас: Проблемот со депонијата во Струга е голем, потребно е итно решение

4 јуни 2026

Електричните тротинети ќе мора да се регистрираат?

4 јуни 2026

Што значи контроверзната тетоважа „88“ на републичкиот обвинител?

4 јуни 2026
НАЈНОВО

Словенечкиот парламент ја изгласа новата влада предводена од Јанша

4 јуни 2026

Рокас: Проблемот со депонијата во Струга е голем, потребно е итно решение

4 јуни 2026

Електричните тротинети ќе мора да се регистрираат?

4 јуни 2026

Влада: Мицкоски утре ќе присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан – во фокусот европската интеграција на регионот

4 јуни 2026

Русија остро реагира на првата заедничка воена вежба на Србија со НАТО

4 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.