Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

4 јуни 2026

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

4 јуни 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

4 јуни 2026

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

4 јуни 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

4 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, јуни 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

Press OnlineBy Press Online4 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пишува: АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

Посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје донесе порака која е добро позната, но која актуелната власт упорно се обидува да ја претстави како нешто сосема друго.

Пораката е прилично едноставна:

Она што е договорено треба да се исполни.

Не затоа што некој во Брисел сака да ја понижи Македонија. Не затоа што некој сака да ни го одземе идентитетот, како што наменски манипулативно вергла Мицкоски. Туку затоа што така функционира секоја сериозна држава и секоја сериозна меѓународна заедница: договорите се почитуваат, обврските се исполнуваат, а реформите се спроведуваат.

Токму тука се судираат реалноста со токсичната пропаганда на Владата на Христијан Мицкоски.

Две години ја слушаме истата, веќе излитена мантра дека проблемот не бил во реформите, не бил во Владата, не бил во застојот на европскиот пат, туку исклучиво кај другите. Во Брисел. Во Европската Унија. Во СДСМ. Во сите, освен кај оние кои, нели, денес ја водат државата.

Но фактите зборуваат поинаку.

И самиот Кошта, во своите изјави, покрај поддршката за европската перспектива на Македонија, повторно ја нагласи потребата од исполнување на договорените обврски, продолжување на реформите и усвојување на уставните измени како следен чекор кон отворањето на преговорите.

Ова е особено важно затоа што ја разоткрива една од најголемите и најопасните политички измами, воопшто.

Владата ги убедуваше граѓаните дека постои некаков нов европски пат, нова преговарачка рамка и ново решение кое само што не пристигнало.

Мицкоски тврдеше дека најпрво ќе ги заврши реформите, ќе ја покаже европската подготвеност на Македонија и така ќе создаде нова политичка реалност. Но денес гледаме дека ниту реформите се завршени, ниту Македонија напредува со потребната динамика.

Реформската агенда, која требаше да биде главниот доказ за европската посветеност на Владата, останува далеку од исполнета. Доминантниот број клучни закони доцнат, а дел од оние што се усвоени предизвикуваат забелешки токму од европските институции. Наместо реформи, гледаме ПР-кампањи. Наместо резултати, слушаме недоветни оправдувања.

Државничката политика не се состои во создавање нови конфликти, туку во решавање на постојните проблеми. Не се состои во секојдневно убедување на граѓаните дека сите се против нас, туку во создавање услови Македонија да оди напред.

Најзагрижувачко е што ова повеќе не е прашање на политичка реторика. Ова е веќе прашање на изгубено време и изгубени грнерации.

И додека Македонија стагнира, другите земји од регионот напредуваат. Црна Гора и Албанија сериозно се движат кон членство. Европските лидери отворено зборуваат за нов моментум на проширувањето и за историска можност за Западен Балкан.

За жал, Македонија повторно ризикува да остане на перонот додека возот тргнува.

Токму затоа посетата на Антонио Кошта треба да се сфати како предупредување, но и како можност.

Предупредување дека никој нема да ја заврши домашната задача наместо нас, можност затоа што Европската Унија сè уште ја држи вратата отворена.

Историјата нема да ги памети оние што измислувале изговори, туку ќе ги памети оние што носеле одлуки.


Текстот е личен став преземено од ФБ профилот на Авторот

Поврзани содржини

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

4 јуни 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

4 јуни 2026

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

4 јуни 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

4 јуни 2026

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

4 јуни 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

4 јуни 2026

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

4 јуни 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

4 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.