Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„Победата е невозможна“: Воените јастреби отворено застанаа против Путин

4 јуни 2026

Пари за седници без присуство, спорни исплати и набавки без тендер – извештај на ДЗР за Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 г.

4 јуни 2026

Мицотакис во Софија: Бугарија и Грција станаа стратешки партнери

4 јуни 2026

Законот за правична застапеност ќе се носи со мал Бадентер

4 јуни 2026

Брутални судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел (видео)

4 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, јуни 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

Press OnlineBy Press Online4 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прес конференција на СДСМ, Фатмир Битиќи – пратеник



Секој ден нова манипулација на власта во економијата,

Премиерот Мицкоски прво ја прогласи Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа”, а вчера ја спушти  амбицијата на „првите пет земји во Европа според растот на БДП”.Но и во едниот и во другиот случај станува збор за иста политичка намера,  од една статистичка бројка да се направи економска бајка, додека граѓаните живеат во кошмарна економска реалност.

Економијата не се мери со самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата  – колку килограми овошје, колку месо, колку литри млеко, колку бензин, колку денови им се исполнети со достоинствен живот.

Државниот завод за статистика објави раст на БДП од 3,1% во првиот квартал. Но истиот извештај покажува дека финалната потрошувачка има учество од дури 86,4% во БДП. Ова е клучен параметар на економијата кој премиерот вчера го премолчи.

Растот главно доаѓа од потрошувачката, а потрошувачката расте во услови на високи цени, односно инфлација.

Кога граѓаните плаќаат повеќе за истите производи, номиналната потрошувачка расте. Но тоа не значи подобар живот,  тоа значи поскап живот.

Ако БДП расте 3,1%, а инфлацијата е 5,7%, тогаш цените растат побрзо од економијата. Во реалноста, граѓаните трошат повеќе пари, а дома носат помалку производи.

Да ја извадиме економијата од владиниот прес-центар и да ја сместиме таму каде што ѝ е местото – на пазар и во маркет. А таму со 1.000 денари може да се купат 2 килограми цреши по 140 денари, 1,5 килограм праски по 95 денари, 1,5 килограм кајсии по 130 денари, една табла од 30 јајца за 275 денари и само 150 грама пилешки стек. Значи, една илјадарка едвај покрива неколку килограми сезонско овошје, една табла јајца и мало парче месо.

Владата може да слави проценти, но граѓаните секој ден бројат денари.

Премиерот зборува за раст, но не зборува дека храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8% на годишно ниво. Не зборува дека инфлацијата во Македонија е 5,7%, додека во Европската Унија е 3,2%, а во еврозоната 3%. Што значи дека нашите граѓани се под посилен ценовен притисок од европските граѓани.

Премиерот зборува и за индустриско производство. Да, во април има раст од 7,6%. Но, во јануари индустриското производство беше намалено за 6,6%, во февруари за 4,2%, а за првите четири месеци од годината растот е само 0,2%. Ова повеќе личи на стагнација отколку на индустриски подем.

Уште посериозно, бројот на работниците во индустријата во април е намален за 2,3%, а во првите четири месеци за 3%. Не може да се прогласува индустриски успех додека индустријата губи работници.

Градежништвото расте за 7,2%, но и тука приказната има друга страна. Цените на становите во Скопје во првиот квартал се повисоки за 16,7% на годишно ниво. Ако градежништвото расте, а домот станува сè понедостапен, тогаш растот на БДП не носи сигурност и достоинство.

Бруто-инвестициите растат само 1,8%, што е доказ дека не може да се зборува за структурен економски успех кој ќе создаде одржлива додадена вредност за животниот стандард.

Дополнително, странските директни инвестиции паднаа од 269,9 милиони евра во последниот квартал на 2025 година на 218,6 милиони евра во првиот квартал на 2026 година. Економскиот „успех” што го слави премиерот во истиот квартал изгуби 51,3 милиони евра странски инвестиции.

И овде се разоткрива  уште една димензија која Владата се обидува да ја сокрие – јавниот долг и финансирањето на ликвидноста. Кога растот на БДП се потпира на потрошувачка, а државата паралелно се задолжува за да ја одржува ликвидноста, станува збор за вештачко одржување на економската активност со пари што ќе ги враќаат граѓаните. Јавниот долг со новото задолжување од 260 милиони евра се приближува до 11,1 милијарди евра. Имаме економски модел во кој Владата се обидува денес да добие политичка корист, за која граѓаните утре ќе ја платат цената.

Почитувани,

Раст на БДП кој се храни од инфлација не носи развој, раст кој се потпира на долг не води кон сигурност и раст кој не ја зголемува куповната моќ на граѓаните не е успех.

Вистински економски напредок има само тогаш кога граѓанинот со својата плата може да купи повеќе, да живее посигурно и да планира иднина без страв од висината на следната сметка.

 



Поврзани содржини

Пари за седници без присуство, спорни исплати и набавки без тендер – извештај на ДЗР за Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 г.

4 јуни 2026

Законот за правична застапеност ќе се носи со мал Бадентер

4 јуни 2026

„Уривање на унитаризмот“ наспроти „театар и шоу“ – жестока пресметка меѓу пратениците Албанци за правичната застапеност

4 јуни 2026
НАЈНОВО

„Победата е невозможна“: Воените јастреби отворено застанаа против Путин

4 јуни 2026

Пари за седници без присуство, спорни исплати и набавки без тендер – извештај на ДЗР за Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 г.

4 јуни 2026

Мицотакис во Софија: Бугарија и Грција станаа стратешки партнери

4 јуни 2026

Законот за правична застапеност ќе се носи со мал Бадентер

4 јуни 2026

Брутални судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел (видео)

4 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.