Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Куба почна да им дели пушки на цивилите

7 јуни 2026

Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

7 јуни 2026

Рама остро ги критикуваше демонстрантите и им порача дека проектот во Зврнец ќе се гради по секоја цена

7 јуни 2026

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил

7 јуни 2026

Во едно деноноќие пријавени повеќе случаи на семејно насилство во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Влен ги отфрли наводите на ДУИ: Прават политички конструкции од катастарски податоци за да ја сокријат својата корупција

Press OnlineBy Press Online7 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



ДУИ не се бори против корупцијата, туку се обидува да ја сокрие својата – коментираат од владејачката Влен отфрлајќи ги како невистините наводите што денеска ги изнесе Демократската унија за интеграција за наводна имотна поврзаност на ексградоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на „Номагас“, Недим Рама.

„Од катастарски податоци се извлекуваат политички конструкции. Се мешаат поими како имотен лист, носител на право, парцела, градежна пријава и намена на објект, со цел кај јавноста да се создаде впечаток за нешто што воопшто не е точно. Сакаат да претстават земјиште од 60 квадратни метри, со идеален дел од по 30 квадратни метри како седум викендици. Научна фантастика во режија на политичките лузери“, велат од Влен, обвинувајќи ја ДУИ дека манипулира со неточни информации.

Оттаму ги повикаа надлежните институции да проверат се што треба за да се увиди дали постои некаква злоупотреба во случајот што го објави ДУИ, но истовремено бараат опозициската партија да престане, како што велат, да ја манипулита јавноста со лажни конструкции и политички монтажи.

„ДУИ нема право да дели лекции за транспарентност. ДУИ денес не бара вистина, туку димна завеса и тема со која ќе го покрие сопствениот страв од отчетност. Бара лажен скандал за да избега од вистинските прашања. Кој се збогати додека ДУИ беше власт? Кои бизниси растеа со политичка заштита? Кои функционери и блиски луѓе создаваа имоти додека институциите беа ставени под партиска контрола? Роднините на Али Ахмети, фамилијата на Бујар Османи или кругот на пријатели на Блерим Беџети?“, велат од Влен.

Реакцијата на владејачката партија следува откако претходно денеска Демократска унија за интеграција објави документи од Агенцијата за катастар, обвинувајќи дека поранешниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на „Номагас“, Недим Рама се поврзани со парцела која е регистрирана на иста локација и на која е евидентиран комплекс од седум викенд-куќи. Повикаа Државната комисија за спречување на корупцијата, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Обвинителството итно да го испитаат случајот.

Извор: 360stepeni.mk 



Поврзани содржини

Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

7 јуни 2026

Во едно деноноќие пријавени повеќе случаи на семејно насилство во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје

7 јуни 2026

На три локации во Скопје пронајдени тројца починати, телата се предадени на обдукција

7 јуни 2026
НАЈНОВО

Куба почна да им дели пушки на цивилите

7 јуни 2026

Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

7 јуни 2026

Рама остро ги критикуваше демонстрантите и им порача дека проектот во Зврнец ќе се гради по секоја цена

7 јуни 2026

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил

7 јуни 2026

Во едно деноноќие пријавени повеќе случаи на семејно насилство во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.