Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Куба почна да им дели пушки на цивилите

7 јуни 2026

Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

7 јуни 2026

Рама остро ги критикуваше демонстрантите и им порача дека проектот во Зврнец ќе се гради по секоја цена

7 јуни 2026

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил

7 јуни 2026

Во едно деноноќие пријавени повеќе случаи на семејно насилство во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Рама остро ги критикуваше демонстрантите и им порача дека проектот во Зврнец ќе се гради по секоја цена

Press OnlineBy Press Online7 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Албанскиот премиер Еди Рама во својот подкаст „Фласим“ (Зборуваме), остро ги критикуваше демонстрантите кои веќе седум дена протестираат против проектот во Зврнец, порачувајќи им дека нема отстапки околу реализацијата на истиот, бидејќи станува збор за инвестиција од стратешко значење за Албанија.

Според него меѓу демонстрантите има инфлуенсери и луѓе кои живеат од социјалните мрежи,  предупредувајќи  дека протестите би можеле да предизвикаат штета врз туристичката сезона.

– Албанија нема да остане заложник. Проектот ќе биде реализиран без оглед на противењата, бидејќи е инвестиција од стратешко значење за Албанија. Тоа е големо добро за нашата економија, голем благослов за Валона и историски исчекор за туристичка и европска Албанија, рече Рама.

Тој додаде дека дел од противниците на проектот имаат различни мотиви, почнувајќи од геополитички и економски интереси, па сѐ до „желба за поголема видливост на социјалните мрежи“.

Инвеститорите, нагласи,  се двајца познати катарски бизнисмени и немаат никаква поврзаност со Израел, како што тврдат некои критичари.

Тој предупреди дека веќе се појавиле првите сигнали за откажување туристички резервации во Саранда, Валона, Химара и други туристички центри на југот од земјата.

Доколку се создаде впечаток дека цела Албанија е во превирања, можеме да изгубиме значителен број туристи ова лето, а тоа директно ќе ги погоди малите бизниси и семејствата кои живеат од туризмот, посочи Рама.

Тој во негов стил тој одговори на обвинувањата дека ќе се уништат фламингата по кои е познато подрачјето каде е предвидено да се гради.

– Пред 10 години имаше многу нелегален лов во заштитените подрачја, каде што фламингата не само што беа убивани, туку и јадени се сега станавте многу загрижени, наведе Рама.

Во меѓувреме во Тирана и други градови во Албанија продолжуваат протестите, кои од вчера се проширија и во дијаспората. Пред албанските амбасади се протестираше во  Лондон, Фиренца, Њујорк, Атина а денеска и во Швајцарија, изразувајќи загриженост за можните последици врз животната средина и заштитените природни подрачја.

Владата, пак, тврди дека инвестицијата од над 4 милијарди евра ќе донесе нови работни места и значителен економски развој за регионот и Албанија ќе стане шампион во туризмот. 

Поврзани содржини

Два земјотреса регистрирани на Евија

7 јуни 2026

Во Албанија се помасовни протестите против Зврнец, се проширија и во дијаспората

7 јуни 2026

Вонредни парламентарни избори во Косово

7 јуни 2026
НАЈНОВО

Куба почна да им дели пушки на цивилите

7 јуни 2026

Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

7 јуни 2026

Рама остро ги критикуваше демонстрантите и им порача дека проектот во Зврнец ќе се гради по секоја цена

7 јуни 2026

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил

7 јуни 2026

Во едно деноноќие пријавени повеќе случаи на семејно насилство во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.