Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Телма: Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

7 јуни 2026

Куба почна да им дели пушки на цивилите

7 јуни 2026

Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

7 јуни 2026

Рама остро ги критикуваше демонстрантите и им порача дека проектот во Зврнец ќе се гради по секоја цена

7 јуни 2026

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Привршува реконструкцијата на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид

Press OnlineBy Press Online7 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Привршува реконструкцијата и проширувањето на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска беше на увид на градежните работи, рече дека над 65 проценти од проектот за реконструкција на охридскиот аеродром се завршени. Најважно, според него, е што во текот на процесот работата на аеродромот се одвива непречено.

„Реконструкцијата и надградувањето е нешто што долго време му требаше на охридскиот аеродром и еве конечно се случува. За околу два месеца аеродромот ќе изгледа целосно ново, со проширени делови за пристигнување и заминување, што ќе донесе дополнителен економски стимул“, изјави Николоски, додавајќи дека модернизацијата на аеродромот во Охрид е прва од неговата изградба и треба да овозможи зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии.

Министерот за транспорт информира дека со проектот е предвидено да бидат обезбедени дополнителни 4 500 квадратни метри функционален простор за поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, полицијата и царинската управа.

Директорот на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, рече дека проектот за реконструкција на аеродромот во Охрид чини 2,7 милиони евра. Според неговите очекувања, модернизацијата на аеродромот, заедно со проширувањето на мрежата на директни линии, ќе придонесе за натамошно позиционирање на Охридскиот Регион и Македонија како една од најатрактивните и најдостапни туристички дестинации во Европа.

Осврнувајќи се на резултатите во авиосообраќајот, министерот за транспорт информира дека во периодот јануари–мај годинава е забележан раст од 31,2 проценти на бројот на патници во споредба со истиот период лани. Со ваквиот тренд, според Николоски, бројот на патници годинава се очекува да достигне од 3,5 милиони.

„Бројките се одлични. Ова е раст кој не може да се најде на ниту еден од аеродромите во регионот. Ако минатата година првпат надминавме три милиони патници, оваа година со ова темпо ќе стигнеме до 3,5 милиони и ќе си поставиме нова цел од четири милиони патници“, рече Николоски.

Извор: 360stepeni.mk 



Поврзани содржини

Телма: Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

7 јуни 2026

Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

7 јуни 2026

Во едно деноноќие пријавени повеќе случаи на семејно насилство во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје

7 јуни 2026
НАЈНОВО

Телма: Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

7 јуни 2026

Куба почна да им дели пушки на цивилите

7 јуни 2026

Холандски државјанин баран со меѓународна потерница, уапсен во близина на Бит Пазар

7 јуни 2026

Рама остро ги критикуваше демонстрантите и им порача дека проектот во Зврнец ќе се гради по секоја цена

7 јуни 2026

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.