
Ваквото барање на ИВЗ предизвика голема дискусија на последната седница на Советот на Општина Тетово. Од страна на дел од опозицијата се посочуваше дека се прави преседан, кој во иднина може да предизвика секоја верска заедница да бара пари од општината за некои свои потреби.
Општина Тетово ѝ донираше на Исламската верска заедница (ИВЗ) 1.444.484 денари (над 23.000 евра), износ што го дала како данок на промет откако откупи дел од комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, објави СДК.
„Имајќи го предвид фактот дека износот за откуп на делови од комплексот ‘Арабати‘ од компанијата ‘Тетекс‘ е висок, што резултираше со плаќање на значителни даночни износи кон вашата институција, Муфтиството на ИВЗ Тетово бара од вас да овозможите поврат на данокот на промет, платен при купопродажбата на овој верски споменик“, се вели во барањето кое ИВЗ го испратила до Општина Тетово, заедно со потврда за платениот данок.
Ваквото барање на ИВЗ предизвика голема дискусија на последната седница на Советот на Општина Тетово. Од страна на дел од опозицијата се посочуваше дека се прави преседан, кој во иднина може да предизвика секоја верска заедница да бара пари од општината за некои свои потреби.
ИВЗ влезе во „Арабати Баба Теќе“ веднаш по завршувањето на конфликтот од 2001 година, а дотогаш со овој угостителски објект управуваше текстилниот комбинат „Тетекс“. Во рамките на комплексот до 2001 се наоѓаше и Музејот на тетовскиот крај, кој беше исфрлен од своите простории.
Иако ИВЗ купила дел од „Арабати Баба Теќе“, за овој културно-историски објект таа води спор со Бектешката заедница на Македонија, од каде велат дека овој објект, изграден уште во 1538 година, е нивни и е узурпиран од ИВЗ.

