
Шеесет и тригодишен турски државјанин бил пронајден починат во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен на 6 јуни околу 16:52 часот, кога во хотелска соба бил пронајден починатиот С.Е. (63) од Турција, кој престојувал во државата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
На местото бил извршен увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.
Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на причините за смртта, објави Скопје1.мк

