Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Фронтот за вистина и правда ги обединува граѓаните, младите и прогресивните сили за промени

8 јуни 2026

Војната на Блискиот Исток ја чини ЕУ 47 милијарди евра

8 јуни 2026

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал

8 јуни 2026

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава

8 јуни 2026

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето

8 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Тирана се правда пред Брисел, нема проект и градежни работи за ресортот на Кушнер

Press OnlineBy Press Online8 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за животна средина на Албанија ги демантира вестите што кружат во медиумите во врска со туристичкиот проект во областа Зврнец, дека министерот Софјан Јаупај ја информирал Европската комисија дека овој проект е стопиран.

Албанска владина Агенција за медиуми и информации (МИА),  објави соопштение на Министерството за животна средина, во кое стои дека за време на онлајн состанокот одржан на 26 мај со претставници на Европската комисија, министерот Софјан Јаупај, ги информирал европските претставници за моментната состојба на проектот.

„За време на онлајн состанокот на 26 мај со претставници на Европската комисија, министерот Јаупај ја информираше Комисијата дека во моментов нема конечно одобрен проект и дека нема проект во изградба“, се наведува во соопштението на  Министерството за животна средина.

Се додава дека министерот за животна средина ја повторил посветеноста на Албанија да гарантира “секој потенцијален развоен проект да биде предмет на целосна и одговорна проценка на влијанието врз животната средина спроведена со целосна транспарентност и јавни консултации”.

“Албанија останува целосно посветена на процесот на членство во ЕУ. Како дел од критериумите од Поглавје 27 за животна средина и климатски промени, Албанија треба да постигне целосно усогласување со законодавството на ЕУ за животна средина. Владата останува решена да ги почитува и спроведува овие обврски“, се наведува во соопштението.

Медиумите претходно пренесоа дека Европската комисија ја предупредила Албанија дека споменатиот проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува Џаред Кушнер, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија и оти министерот Јаупај ја информирал дека реализацијата на проектот е стопирана.

Поврзани содржини

Фискален совет на Србија: Вкупните трошоци за ЕКСПО би можеле да бидат околу 3,4 милијарди евра

8 јуни 2026

Ципрас сега е главен ривал на Мицотакис

8 јуни 2026

Уште еден посилен земјотрес на Евија – затворени училиштата

8 јуни 2026
НАЈНОВО

Филипче: Фронтот за вистина и правда ги обединува граѓаните, младите и прогресивните сили за промени

8 јуни 2026

Војната на Блискиот Исток ја чини ЕУ 47 милијарди евра

8 јуни 2026

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал

8 јуни 2026

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава

8 јуни 2026

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето

8 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.