Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

Press OnlineBy Press Online8 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек, упати честитки до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за неговото лидерство и за покренувањето на „Скопската иницијатива“, оценувајќи дека СДСМ останува политичкиот субјект кој го трасирал патот на земјата кон европските интеграции.

„Би сакал да му честитам на Венко Филипче и на СДСМ за работата што ја направија во Северна Македонија, како и за покренувањето на Скопската иницијатива. Исто така, сакам да ѝ честитам и на Даша Шиловиќ и на нејзината мрежа за сета работа што ја реализираат во земјата“, изјави Филибек.

Тој истакна дека во Северна Македонија е јасно кој политички субјект го предводел процесот на евроинтеграција.

„Во Северна Македонија е јасно кој политички субјект го трасираше патот кон меѓународната и европската интеграција на државата. Тоа е СДСМ“, рече Филибек.

Осврнувајќи се на процесот на пристапување во Европската Унија, Филибек оцени дека во јавноста е присутен замор од дебатата за европската перспектива на државата, за што ја обвини актуелната власт.

„Тој замор е последица на недостигот од политичка волја и решителност кај актуелната власт. Националистичката реторика што ја поттикнуваат не помага во процесот, туку дополнително ја збунува јавната дебата за европската иднина на државата“, изјави тој.

Според него, иднината на Северна Македонија и иднината на Европската Унија се неразделно поврзани со процесот на проширување кон Западен Балкан.

„Пораката што сакам да ја пренесам е јасна: иднината на Европската Унија е поврзана со интеграцијата на Западен Балкан и со полноправното членство на Северна Македонија во европското семејство. Истовремено, иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, заедно со останатите земји од регионот“, нагласи Филибек.

Тој порача дека Партијата на европските социјалисти останува силен поддржувач на европскиот пат на земјата и на СДСМ.

„Ние стоиме заедно со СДСМ, со Венко Филипче и со членовите на партијата, и им посакуваме успех на претстојниот конгрес“, рече Филибек.

Во своето обраќање тој нагласи дека процесот на проширување не треба да се гледа само како административна процедура, туку како механизам за подобрување на животот на граѓаните.

„Реформите не треба да се спроведуваат затоа што тоа го бара Брисел, туку затоа што тие го подобруваат животот на граѓаните и го прават општеството подобро и поправедно“, истакна тој.

Филибек додаде дека борбата против корупцијата, владеењето на правото, социјалната правда, слободата на медиумите и родовата еднаквост се темели на современото европско општество и директно придонесуваат за подобар живот на граѓаните.

Според него, постои реална можност за напредок во евроинтегративниот процес, особено по сигналите за подготвеност за проширување што доаѓаат од Европската Унија.

„Европската Унија покажува јасна подготвеност за проширување, а тоа го потврди и претседателот на Европскиот совет, , за време на неговата посета на земјите од регионот“, рече Филибек.

Тој порача дека продолжувањето на реформите е единствениот пат што носи придобивки и за граѓаните на Северна Македонија, и за регионот, и за Европа во целина.

Поврзани содржини

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.