Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

15 јуни 2026

Израелската опозиција: Договорот меѓу САД и Иран е тежок пораз за Нетанјаху

15 јуни 2026

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

15 јуни 2026

Голем пожар во Белград, гори трговски центар

15 јуни 2026

Американско-иранскиот договор ја намалува неизвесноста за војната – но сè уште има многу за решавање

15 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Добивка од само 1.000 денари пријавиле од Здружението Извор кое го ,,узурпирало” локалитетот ,,Камени кукли” во Кратово

Press OnlineBy Press Online9 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Здружението ,,Извор”‘ од Кратово, како и татко и ќерка од овој град, кои според општината го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, со години имале поврзаност со овој споменик на природата, а во еден период и преку проект поддржан и од Европската Унија.



Инаку, преку Здружението Извор од Кратово, застапувано од М. Д. , како што може да се види од нивната фејсбук страница, во 2019 година се имплементирал проектот „Одржливо управување, заштита и промоција на Споменикот на природата – Куклица“, а кој се реализира во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ финансиран од Европската Унија, а го спровеле УНДП во соработка со Министерството за животна средина.

Во 2021 прва година на фејсбук се пофалиле и дека го спровеле и проектот ,,МОНИТОРИНГ НА ПРИРОДНО НАСЛЕДСТВО НА СПОМЕНИК НА ПРИРОДА КУКЛИЦА“. И овој проект се реализирал во рамките на Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година при МЖСПП.

Инаку, ова Здружение, според податоците од Централниот регистер, пријавило финансиски извештај за две години, односно за 2021 и 2022 година. Сепак, иако Здружението се уште е активно, нема податоци за изминатите три години.

Па така, во 2021 година пријавиле приход од 9.000 евра, но речиси и идентичен расход, поради што добивката им била само 1.000 денари. Наредната 2022 година ситуацијата била речиси идентична. Пријавен е приход од 7.500 евра, а исто толку и расход, со добивка од 1.000 денари.

Од Општина Кратово пак појаснија дека ова здружение Извор, незаконски го узурпирало овој природен споменик, користејќи го за лични цели.

Од пресудата се гледа дека до септември 2022 година Музејот на Кратово имал соработка со Извор, но поради непочитување на обврските договорот бил раскинат. Но, од здружението не сакале да го предадат во владение објектот и земјиштето на локалитетот Куклица, па според општина насилнички се однесувале и не дозволувале пристап со вербални закани и пуштање на кучиња.

Основниот суд во Кратово пресудил во корист на општината, ама предметот е во жалбена постапка.

Темата се актуелизираше откако еден од поситителите завчера реагираше дека жители наплаќале влезници на туристи на локалитетот „Камени кукли“, наоѓалиште е заштитено како природна реткост, во кратовското село Куклица, тврдејќи дека локалитетот е во нивна сопственост.

Тој побара од надлежните институции да преземат мерки за да се спречи самоволието на неколку лица кои ја нарушуваат сликата за државата.

Алармираше дека, откако одбил да плати влезница, жена му го блокирала патот и не му дозволила да влезе, по што до локалитетот стигнал по алтернативен пат и разговарал со измамени посетители. (Fokus.mk)



Поврзани содржини

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

15 јуни 2026

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

15 јуни 2026

Трамп го прекори Нетанјаху: Нападите во Либан не требаше да се случат

15 јуни 2026
НАЈНОВО

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

15 јуни 2026

Израелската опозиција: Договорот меѓу САД и Иран е тежок пораз за Нетанјаху

15 јуни 2026

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

15 јуни 2026

Голем пожар во Белград, гори трговски центар

15 јуни 2026

Американско-иранскиот договор ја намалува неизвесноста за војната – но сè уште има многу за решавање

15 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.