Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата

10 јуни 2026

Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

10 јуни 2026

Јаневска ја оцени со четворка оваа учебна година: За промени и реформи во образованието треба време

10 јуни 2026

Трамп се закани дека повторно силно ќе го нападне Иран

10 јуни 2026

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани и со работата на историската комисија

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани и со работата на историската комисија

Press OnlineBy Press Online10 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите околу историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ.



– Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме нивните позиции. За да им дадам шанса на преговорите, на разговорите и на дијалогот, само ќе кажам дека едно на обајцата ни стана јасно: не се во прашање само уставните измени туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на исторската комисија. Толку можам засега да кажам, изјави претседателката Сиљановска – Давкова.

Македонската делегација предводена од претседателката, како што кажа таа, ги изложила нашите позиции и видувања и особено ја потенцирала обврската на сите членки на Советот на Европа, кои се и членки на ЕУ да ги почитуваат пресудите на Судот во Стразбур бидејќи пресудите важат за сите и сите членки на Советот на Европа имаат судии во Судот во Стразбур.

Сиљановска – Давкова рече дека исто така било посочено дека претставници на двете земји треба почесто да се среќаваат и да разговараат, колку тоа и некогаш да изгледа дека нема да вложи со резултат.

Средбата со Јотова, но и Самитот на ПСЈИЕ, таа ги оцени како многу успешни, нагласувајќи дека сите учесници повикале на натамошна соработка и оддале признание на претседателството на Бугарија, каде е формиран ПСЈИЕ пред 30 години.

– Меѓутоа, сите повикувавме дека зборовите се понекогаш убави, ама дека се поважни делата односно потезите што ќе ги влечеме, дека е логично меѓу кажаното и стореното – рече претседателката.

На средбата со бугарската претседателка, иако таа го споменала нон-пејперот на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фриндрих Мерц, за тоа немало интерес и главно разговорот, како што кажа, се фокусирал на прашањата со кои се соочуваме ние како соседи, за одржувањето на втората невладина конференција, односно почетокот на преговорите и отворањето на кластерот фундаменти со кои почнуваат и завршуваат преговорите.

Конкретна следна средба меѓу двете претседателки не е договорена, но изразиле подготвеност за разговори, за дебата, за меѓусебно почитување, како што рече, „и кога не се согласуваме“. – Мислам дека првиот тест го поминавме – рече претседателката.

По завршувањето на официјалната прес-конференција и предавањето на претседавањето од Бугарија на Романија, бугарските медиуми побараа изјава од македонската претседателка. Сиљановска – Давкова на нивните бројни прашања поврзани со уставните измени одговараше на англиски јазик објаснувајќи дека таа не е монарх да одлучува за тоа, но исто така укажа на уставните заложби за почитување на човековите права, што не е случај во Бугарија.

– Јас кога тргнав на средба со соговорничката од Косово бев пречекана од повеќе новинари. Ако речам не одговарам ќе речат дека не сум кооперативна и дека не сум добронамерна. Се разбира, јас побарав на англиски ако може да ме прашаат, но мислев дека тоа ќе оди по некој ред. Буквално тоа беше, како да кажам бомбардирање со прашања. Се разбира, јас се обидов на некои да одговорам, меѓутоа немаше атмосфера за одговарање бидејќи самите новинари не се дослушуваа туку истовремено поставуваа прашања – рече Сиљановска – Давкова.



Поврзани содржини

Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

10 јуни 2026

Јаневска ја оцени со четворка оваа учебна година: За промени и реформи во образованието треба време

10 јуни 2026

Синдикатот на Контрола на летање ќе тужи во Стразбур поради забраната да штрајкуваат

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата

10 јуни 2026

Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

10 јуни 2026

Јаневска ја оцени со четворка оваа учебна година: За промени и реформи во образованието треба време

10 јуни 2026

Трамп се закани дека повторно силно ќе го нападне Иран

10 јуни 2026

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани и со работата на историската комисија

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.