Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани и со работата на историската комисија

10 јуни 2026

Германија започнува проект за борбен авион по пропаѓањето на европскиот 

10 јуни 2026

Синдикатот на Контрола на летање ќе тужи во Стразбур поради забраната да штрајкуваат

10 јуни 2026

Скопската вода безбедна за пиење

10 јуни 2026

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

СДСМ манипулира дека се распродава градежно земјиште во Аеродром, постапката е законска – реагираат од Општината и од Транспорт

Press OnlineBy Press Online10 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Општина Аеродром попладнево преку писмена реакција ги отфрли обвинувањата на советничката група на опозицискиот СДСМ дека Општината за „багателна“ цена од 2 000 денари квадратен метар распродава градежно земјиште, оценувајќи ги како политичките конструкции, манипулации и целосно неточните тврдења.



Зградата во која се сместени простории на Општина Аеродром

Според општинската администрација, станува збор за уште еден обид за евтина политичка кампања преку свесно ширење дезинформации и без елементарно познавање на материјалите што редовно се разгледуваат на седниците на Советот.

„Доколку советниците од СДСМ навистина ги следеа точките за кои земаат советнички паушал, ќе знаеја дека не постои никаква ‘распродажба’, туку јасно дефинирана законска постапка за развој на општината“,велат од Општина Аердром

Дека станува збор за манипулација и недоследност во ставовите на опозициската партија, според Општина Аеродром, говори и тоа што на четвртата седница на Советот на Општината Аеродром, одржана на 26.12.2025 година, при разгледување на 24. точка – Предлог-програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Аеродром за 2026 година, немало никакви спротивставени мислења на политиките кои денес се предмет на критика.

За точката од дневниот ред, се вели во соопштението од Општината, тогаш „за“ гласале 16 советници, а „против“ и „воздржани“ немало.

„Овој официјален запис од седницата јасно покажува дека не станува збор за принципиелен став, туку за политичка неконзистентност и обид за дневнополитичка манипулација. Дополнително, СДСМ во минатото имаше сопствени планови за истиот простор, за кој јавно беше најавуван проект за ‘Дом на спортови и Олимписки дом’, со содржини од голем обем и комерцијално-деловен карактер. Дали тогаш интересот беше различен, па со договорен партнер сакаа да изградат огромна деловна зграда?“,

велат од Општината.

На конкретната локација, додаваат оттаму, се предвидува реализација на проект од јавен интерес кој, како што велат, носи нови спортски и рекреативни содржини, уреден јавен простор и значително подобрување на квалитетот на живот за граѓаните.

Дополнително, оттаму наведуваат дека советничката група на СДСМ манипулира и со цената, односно дека градежното земјиште ќе се продава за 2 000 денари по квадратен метар. Од Општина Аеродром велат дека не станува збор за продажна цена, туку почетна цена утврдена согласно закон.

„Конечната цена ќе се формира единствено преку транспарентно електронско јавно наддавање, во целосно отворена и конкурентна постапка, каде секој заинтересиран субјект има еднаков пристап. Затоа, обидите ова да се прикаже како ‘распродажба’ се или резултат на незнаење или свесна политичка манипулација. Дополнително, крајно лицемерно е токму советничката група на СДСМ да зборува за заштита на јавниот интерес и урбан ред. Граѓаните на Аеродром многу добро паметат кој со години ги бетонираше тревниците, кој дозволуваше хаотична урбанизација и кој ја претвори општината во простор со нарушен квалитет на живеење. Просторот кај Мајчин дом останува симбол на таквите погрешни урбанистички политики, чии последици граѓаните ги чувствуваат и денес“, се вели во реакцијата од Општина Аеродром.

Таа доаѓа откако претходно денеска членот на ОО на СДСМ во Аеродром и советник во Општината, Марко Даниловски, на прес-конференција објави сознанија дека Општина Аеродром продава градежно земјиште по, како што велат од партијата, багателна цена од 2 000 денари за квадратен метар и праша дали зад ваквата зделка стојат министрите за транспрот и за спорт Александар Николоски и Борко Ристоски, а задолжен за спроведување на проектот е градоначалникот на општината, Дејан Митевски.



Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани и со работата на историската комисија

10 јуни 2026

Синдикатот на Контрола на летање ќе тужи во Стразбур поради забраната да штрајкуваат

10 јуни 2026

Скопската вода безбедна за пиење

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани и со работата на историската комисија

10 јуни 2026

Германија започнува проект за борбен авион по пропаѓањето на европскиот 

10 јуни 2026

Синдикатот на Контрола на летање ќе тужи во Стразбур поради забраната да штрајкуваат

10 јуни 2026

Скопската вода безбедна за пиење

10 јуни 2026

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.