Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Пожар над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

11 јуни 2026

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10 минути!

11 јуни 2026

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски

10 јуни 2026

Јотова по средбата со Сиљановска Давкова порачала дека мора да се спроведат уставните измени

10 јуни 2026

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Јаневска ја оцени со четворка оваа учебна година: За промени и реформи во образованието треба време

Press OnlineBy Press Online10 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време.



-Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени и реформи во образованието треба време, во краток период не може да се нрапават многу нешта. Тоа треба да биде постепено, во договор, со прифаќање, не насилно, зашто насилните промени будат револт, премногу се брзи и немаат ефект. Има уште да се работи, иако направивме многу промени минатата година, нагласи Јаневска за дневникот на ТВ Сител.

Таа потенцира дека многу важни за учениците и родителите се новите наставни програми кои за седмо и осмо одделение се веќе сменети, а следната година ќе бидат сменети и за деветто одделение.

-Ги сменивме и за први и втори клас, сега учениците ќе учат по новите наставни програми. Ги средивме и учебниците. Во Македонија учебниците веќе нема да бидат предизвик, тоа е завршена работа. Во голем број училишта учебниците од прво до трето се веќе дистрибуирани, нешто што беше голем проблем да се направи до 1 септември, а до 1 септември ќе бидат дистрибуирани и сите останати. Ја намаливме администрацијата на наставниците имаме нов е-дневник што не паѓа, наставниците не мора во 00.00 и 1.00 ноќе да внесуваат оценки, туку тоа може да го прават во работно време. Дигитализираме многу процеси, годинава ќе ги имаме и првите дигитални свидетелства, посочи министерката.

Информира и дека се воведува вештачка интелигенција, како и дека се реализираат проекти за здравје, екологија, заштита од несакани, агресивни појави во школите.

-Мислам дека релативно добро се движиме, но ќе треба уште многу да се работи. За подобри резултати кај децата, наставниците треба да бидат задоволни и мотивирани, ние ја покачивме платата околу 20 проценти за две години. Нашите деца имаат 900 часа помалку до 15 години од нивните врсници во ЕУ, затоа проектот едносменска и целодневна настава за нас е ислучлително важен и треба што е можно побрзо и поефикасно да се спроведува, за децата да поминуваат подолго време на училиште, подвлече Јаневска.



Поврзани содржини

Пожар над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

11 јуни 2026

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10 минути!

11 јуни 2026

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Пожар над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

11 јуни 2026

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10 минути!

11 јуни 2026

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски

10 јуни 2026

Јотова по средбата со Сиљановска Давкова порачала дека мора да се спроведат уставните измени

10 јуни 2026

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.