Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ФЗО: Се намалуваат цените на ПАП и ХПВ-тестовите

11 јуни 2026

Пожар над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

11 јуни 2026

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10 минути!

11 јуни 2026

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски

10 јуни 2026

Јотова по средбата со Сиљановска Давкова порачала дека мора да се спроведат уставните измени

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10 минути!

Press OnlineBy Press Online11 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Големиот пожар кој избувна над Штип и се движеше во правец на централното градско подрачје е ставен под контрола. Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците спречи огната стихија да зафати куќи и викендички, потврдија локалните власти и претставниците на доброволните друштва.



Огнот започнал во преквечерието во непосредна близина на населбата Плуждино, по што брзо се проширил кон населбата Кадидере, која практично се наоѓа во централното градско подрачјеs

Во својата изјава за медиумите, градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов истакна дека сите расположливи сили се насочени кон критичните точки за да се спречи материјална штета врз домови на граѓаните.

„Наскоро ќе дадеме точен одговор за тоа колкава е штетата и што сè е опфатено со пожарот. Но, она што за нас е апсолутен приоритет е да нема оштетени домаќинства и имоти. Токму затоа, припадниците на противпожарната единица се распределени на појас со кој примарно ги заштитуваме имотите на граѓаните. Огнот се движеше на потегот од Плуждино кон Кадидере и верувам дека на овој појас ќе биде сопрен“, изјави градоначалникот.

Доброволците се мобилизирале за само 10 минути
Покрај професионалните пожарникари, во гаснењето на огнот на терен се вклучија и членовите на Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип.

Зоран Младеновски од ДПД Штип за медиумите ја опиша состојбата на теренот како драматична, но потенцираше дека најлошото е поминато.

„Моментално состојбата е ставена под контрола. Беше навистина страшно, имаше силен оган и стихија, но сега веќе ситуацијата е смирена и се надеваме дека целосно ќе се локализира до крајот на вечерта. Откако го примивме повикот, се екипиравме во противпожарната станица за само 10 минути, се организиравме и веднаш излеговме на терен“, изјави Младеновски.

На терен остануваат дежурни екипи кои ќе ја следат состојбата во текот на ноќта за да спречат евентуално повторно активирање на пожарот поради ветерот.



Поврзани содржини

ФЗО: Се намалуваат цените на ПАП и ХПВ-тестовите

11 јуни 2026

Пожар над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

11 јуни 2026

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски

10 јуни 2026
НАЈНОВО

ФЗО: Се намалуваат цените на ПАП и ХПВ-тестовите

11 јуни 2026

Пожар над Штип, градоначалникот Јорданов најави вонредна прес-конференција

11 јуни 2026

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10 минути!

11 јуни 2026

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски

10 јуни 2026

Јотова по средбата со Сиљановска Давкова порачала дека мора да се спроведат уставните измени

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.