Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Алиу: Се анализираат сомнежи за можни злоупотреби на листите на чекање за операции

11 јуни 2026

САД го тргнаа Сали Бериша од црната листа

11 јуни 2026

Уште еден пресврт на Трамп околу Иран: ги откажа нападите

11 јуни 2026

МНР не даде одговори на повеќе суштински прашања нотирани во истражувањето – велат од ЦГК

11 јуни 2026

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциската комисија

11 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

МНР не даде одговори на повеќе суштински прашања нотирани во истражувањето – велат од ЦГК

Press OnlineBy Press Online11 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Министерството за надворешни работи и надворешна трговија не одговори на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето – реагираат од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) откако МНР денеска ги отфрли како невистинити наводите што ЦГК ги објави во анализа на постапките што Министерството ги спроведе во март годинава за евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток.

 

 

Од ЦГК велат дека во ниеден момент не ја оспориле потребата од итна евакуација и заштита на македонските граѓани од погодените подрачја на Блискиот Исток, туку, напротив, ја признале можноста за користење постапка со преговарање без претходно објавен оглас со оглед на вонредните околности. Прашањата што ги отвора истражувањето, додаваат од ЦГК, се однесуваат на начинот на кој е спроведена постапката и на почитувањето на правилата за трошење на јавните средства дури и во услови на итност.

 

„Министерството не понуди одговори како е направен изборот на првите девет фирми од кои е барана понуда, како и за изборот на единствениот понудувач во втората постапка за јавна набавка. Во однос на авансното плаќање, Министерството наведува дека тоа било условено од пазарните околности и барањата на превозниците. Но, авансното плаќање не било предвидено во тендерската документација и не е во согласност со Законот за јавни набавки. Според член 116 став 2 од Законот за јавните набавки, договорот за јавна набавка се склучува во согласност со условите утврдени во тендерската документација и во понудата. Ова значи дека плаќањето по извршување на услугата морало да биде наведено и во договорот“,

 

велат од Центарот за граѓански комуникации, додавајќи дека ова не би ја ограничило фирмата да ги плати летовите од свои средства, а потоа трошоците да ги покрие по наплатата на фактурата.

Од ЦГК велат дека Законот за јавни набавки не предвидува 100-процентно авансно плаќање и тоа без каква било банкарска гаранција, дури и во услови кога директно се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето. Напротив, додаваат оттаму, Законот предвидува дека за договорните органи од класичниот јавен сектор, на кој му припаѓа МНР, авансот не може да биде поголем од 20 отсто од вредноста на договорот.

 

„Воедно, според член 103 став 3, договорниот орган пред исплата на авансот задолжително обезбедува банкарска гаранција од носителот на набавката во висина на договорениот аванс. Склучениот договор на Министерството не ја предвидува банкарската гаранција“, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Од ЦГК дополнително нотираат дека со направените измени се ставаат во нерамноправна положба сите фирми до кои била доставена покана во поништената постапка. Оттаму се повикуваат на членот 7 од Законот за јавни набавки, според кој, договорниот орган треба да обезбеди еднаков третман на економските оператори во сите фази од постапката за јавна набавка и во однос на сите елементи од понудата.

 

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија претходно денеска ги отфрли како невистинити наводите изнесени во истражувањето на ЦГК во кое се нотираат низа неправилности во постапката што Министерството ја спроведе во март годинава за евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток.



Поврзани содржини

Алиу: Се анализираат сомнежи за можни злоупотреби на листите на чекање за операции

11 јуни 2026

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциската комисија

11 јуни 2026

Од утре стартуваат уписите во средно: Пријавувањето е електронско

11 јуни 2026
НАЈНОВО

Алиу: Се анализираат сомнежи за можни злоупотреби на листите на чекање за операции

11 јуни 2026

САД го тргнаа Сали Бериша од црната листа

11 јуни 2026

Уште еден пресврт на Трамп околу Иран: ги откажа нападите

11 јуни 2026

МНР не даде одговори на повеќе суштински прашања нотирани во истражувањето – велат од ЦГК

11 јуни 2026

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциската комисија

11 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.