
Министерството за образование и наука потсетува дека од утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година.
Пријавувањето ќе се врши преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците ќе можат да се најават со своите постоечки кориснички сметки на
на schools.mk.
Првото пријавување во јунскиот уписен рок ќе трае од 12 до 15 јуни, додека потребната документација до избраните училишта ќе се доставува на 16 и 17 јуни. Конечните ранг-листи со резултатите од запишувањето и преостанатите слободни места училиштата треба да ги објават на 18 јуни.
Второто пријавување во јунскиот рок е закажано за 23 јуни, а документите ќе се доставуваат на 24 јуни. Третото пријавување е предвидено за 20 август.
Конкурсот со слободните места во јавните средни училишта е достапен на веб-страницата на Министерството за образование и наука. За полесен избор на идната професија и образовен профил, учениците можат да го користат и онлајн водичот за квалификации, кој нуди информации за струките и можностите за понатамошно образование и вработување. објави Скопје1.мк

