Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

13 јуни 2026

Името Трамп ќе се отстрани од Центарот „Кенеди“

13 јуни 2026

Никој не е надлежен за “Интермецо”

13 јуни 2026

Градоначалникот Ѓорѓиевски се пофали дека цела ноќ се чистело Скопје

13 јуни 2026

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум

13 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Никој не е надлежен за “Интермецо”

Press OnlineBy Press Online13 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратениците на унгарскиот Парламент изгласаа кратење на сопствените плати за 40%. Ова е само почеток, премиерот Маѓар најави нови намалувања на платите, овојпат на сите именувани функционери. Во Македонија пред некоја година беше изгласано зголемување на платите за 78% за сите функционери. Зошто во Македонија не е проблем зголемување на платите од парите на даночните обврзници, а тоа секако дека се граѓаните, зошто се молчи, зошто не се крева гласот?



Вистинска слика за националниот молк  е Институтот за јавно здравје: некои вработени во оваа институција примале плата, а не доаѓале на работа. Нивното лажно присуство го евидентирале нивни колеги кои оделе на работа и за оваа услуга им биле давани пари. Не е важно во колку државни институции постојат вакви злоупотреби, корупција, малверзации, зошто некој би се вознемирил воопшто.

Колективната, национална хипноза на граѓаните во оваа држава не им е наметната од ниту една Влада, ниту пак од правосудниот систем. Тие бираат да се будат и заспиваат со затворени очи, нуркаат низ животот во полусвесна состојба, знаејќи дека тоа е најлесниот пат, најкраткиот и најмирниот.

Затоа и еден кафич во скопски Капиштец ги малтретира тамошните жители, за што никој не е надлежен, најмалку Општина Центар, уште помалку градоначалникот Горан Герасимовски. Конечно, сите знаат, вклучувајќи ги сопствениците на “Интермецо”, сите совршено се мирни и се свесни дека протестите со кои се закануваат овие револтирани и со години вознемирувани луѓе ќе се сведат на педесетина луѓе, дали воопшто и толку беа, да не се залажуваме. Во оваа држава никој не сака да си ја одземе сигурноста, безбедноста, платата, мирот, да се жртвува за подобар живот од оваа мизерија на која се согласиле. Освен неколку луѓе, кои живеат за да играат врз крунисаните глави на оние кои диригираат помеѓу раѓањето и заминувањето, со сѐ измеѓу низ тој тежок пат.

Но, дали се навистина свесни дека станува збор за сериозно беден живот? Колку повеќе пари да имаат на банкарските сметки, толку повеќе се анестезирани, не знаат дека ги поминуваат годините и децениите еднакво како и оние кои се јадосуваат со сопствениот крпен живот, како сите нас, останатите. Како, зошто, овие со дебелите конта сега се прашуваат, во неверица, потсмешливо, дали воопшто знам што зборувам? Но, да, секако дека знам, тоа е конечно и предноста кога немате, прашајте кого било од дното, или во неговата близина, ќе ви ја каже вистината за оваа држава.

Колку повеќе пари имате, толку повеќе главата ви е закопана, ништо не знаете што ви се случува навистина и мислите дека најлесно и најгосподски сте поминале, дека сте ги голтале сите уживања. Но, она што се гледа и се знае, она што е очигледно, тоа не го гледаат само луѓето кои лагодно живеат во оваа земја.

Затоа и стотици илјадници луѓе во неповрат исчезнаа, само затоа, а таа причина засекогаш ќе остане тајна за овие што ги избркаа и останаа, одушевени што можат да прават што сакаат, со себе, со нас, со државата, со животот. Ништо од тоа не им вреди, затоа што, каква пародија од живот е тоа, кога не знаете каков е навистина.

Поврзани содржини

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

13 јуни 2026

Градоначалникот Ѓорѓиевски се пофали дека цела ноќ се чистело Скопје

13 јуни 2026

Тешко повреден мотоциклист по судир со дипломатско возило во Скопје

13 јуни 2026
НАЈНОВО

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

13 јуни 2026

Името Трамп ќе се отстрани од Центарот „Кенеди“

13 јуни 2026

Никој не е надлежен за “Интермецо”

13 јуни 2026

Градоначалникот Ѓорѓиевски се пофали дека цела ноќ се чистело Скопје

13 јуни 2026

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум

13 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.