Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Од 2 јули стартува новата авиолинија Анкара – Скопје

14 јуни 2026

ЕСМ ќе заштеди 8 милиони евра со анекс на договорот за ЛНГ терминалот во Александрополис, вели Узунчев

14 јуни 2026

Израелските функционери „шокирани“ од критиките на Трамп кон Нетанјаху

14 јуни 2026

Нема дел од земјоделството во кој нема проблем – вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче

14 јуни 2026

Влен: Автопатот Скопје – Блаце требаше да биде готов кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“, но имаа други приоритети

14 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ЕСМ ќе заштеди 8 милиони евра со анекс на договорот за ЛНГ терминалот во Александрополис, вели Узунчев

Press OnlineBy Press Online14 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



АД ЕСМ ќе заштеди приближно 8 милиони евра откако Управниот одбор на компанијата преговараше за анекс на договорот со „Гастрејд“ – операторот на терминалот за течен гас во Александрополис. Со оваа клучна спогодба се става крај на целосно непродуктивните трошоци за закуп на капацитет што компанијата до сега немаше можност да го користи, со што директно се заштитува буџетот на државната компанија за производство на електрична енергија – вели генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, во разговор за МИА.

„Патот до оваа спогодба бараше интензивни преговори и цврста аргументација од страна на нашиот Управен одбор. Успеавме да постигнеме договор со „Гастрејд“ за потпишување анекс, со кој се поместуваат роковите на плаќањата за закупот. Во согласност со досегашните одредби од договорот АД ЕСМ беше обврзана на месечен закуп од над 250 илјади евра, средства што редовно ги намирува од октомври 2024 година“, истакна Узунчев.

Потсети дека во периодот од 12.3.2021 до крајот на 2023 година, Владата, која е основач на АД ЕСМ, донела одлуки со кои овозможила носење соодветни одлуки од тогашниот Управен одбор и потврдени од тогашниот Надзорен oдбор на компанијата за склучување договори со „Гастрејд С.А.“, Р. Грција, за користeње на ЛНГ-терминалот и закупување капацитет за времетраење од 15 години, без да има право да го раскине таквиот договор, за фиксно утврдени количини на гас од 4,95 гигават-часа на ден (GWh/ден) или 1,8 терават-часА (TWh) годишно.

„Во согласност со условите од 2023 година, кои се сè уште актуелни, која било количина гас што ќе биде пренесена преку терминалот во Александрополис, за да стигне во државава, мора да помине низ рутата што води низ Бугарија и предвидува АД ЕСМ да има закупено преносни капацитети таму. За жал, од причини што се опфатени со кривичната пријава, што за овој проект новото раководство на АД ЕСМ минатата година ја достави до Управата за финансиска полиција и Одделот за криминалистичка полиција, на годишните и на кварталните аукции не бил закупен комплетен преносен капацитет од терминалот до Република Македонија. Поради некомплетна рута на преносен капацитет и неможност за влез на евентуално набавениот ЛНГ во земјата, тогашниот УО на АД ЕСМ на почетокот на 2024 година донел одлука да не се преземаат активности за набавка на гас во рамките на овој проект“, појасни Узунчев.

Извор: skopje1.mk 



Поврзани содржини

Од 2 јули стартува новата авиолинија Анкара – Скопје

14 јуни 2026

Нема дел од земјоделството во кој нема проблем – вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче

14 јуни 2026

Влен: Автопатот Скопје – Блаце требаше да биде готов кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“, но имаа други приоритети

14 јуни 2026
НАЈНОВО

Од 2 јули стартува новата авиолинија Анкара – Скопје

14 јуни 2026

ЕСМ ќе заштеди 8 милиони евра со анекс на договорот за ЛНГ терминалот во Александрополис, вели Узунчев

14 јуни 2026

Израелските функционери „шокирани“ од критиките на Трамп кон Нетанјаху

14 јуни 2026

Нема дел од земјоделството во кој нема проблем – вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче

14 јуни 2026

Влен: Автопатот Скопје – Блаце требаше да биде готов кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“, но имаа други приоритети

14 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.