Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Kај „Машка плажа“ во Струга пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси

15 јуни 2026

Од мај, Украинците извршија 200 напади врз цистерни и камиони на „копнениот мост“ кон Крим

15 јуни 2026

Бугарско МНР: Палењето на возилата е последица на агресивниот политички говор и поттикнувањето омраза

15 јуни 2026

Украина отвора пристапни преговори со ЕУ

15 јуни 2026

Трамп тврди дека почнал бродскиот сообраќај низ Ормуз, сателитските снимки покажуваат друго

15 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Бугарско МНР: Палењето на возилата е последица на агресивниот политички говор и поттикнувањето омраза

Press OnlineBy Press Online15 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Бугарија остро го осуди палењето на два автомобила соственост на амбасадата на оваа земја во Скопје оценувајќи дека станува збор за „демонстративен чин на агресија, кој ги загрозува здравјето и животот на вработените во дипломатското претставништво“.

Во првата реченица од бугарското МНР се наведува дека дипломатските возила, околу пладне, биле запалени од непознато лице.

Оттаму велат дека штетата ќе била значително поголема ако немало навремена реакција од бугарскиот конзул кој интервенирал со апарат за гаснење пожар.

Од бугарското МНР бараат брзо и фер спроведување на истрагата.

Нагласуваат дека овој напад не е изолиран инцидент, туку резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза.

Во соопштението тие упатуваат критики до македонските институции поради, како што велат, недостатокот на соодветен одговор во претходни слични случаи, што создава чувство на неказнивост кај сторителите.

Од МНР на Бугарија потсетуваат на палењето на клубот во Битола, посочувајќи дека наместо соодветна казна, сторителот тогаш бил „прославен и вклучен во предизборна политичка кампања“.

Од бугарското МНР велат дека државата ќе ги искористат сите механизми за да се спротивстават на обидите за, како што велат, „создавање атмосфера на страв кај Бугарите во Република Северна Македонија“.

По информацијата дека две дипломатски возила биле опожарени пред бугарската амбасада, со реакција излегоа и македонската влада и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Од Владата случајот го оценија како вандалски и недозволив чин, очекувајќи брза и ефикасна истрага од надлежните институции и одговорност за сторителите. Порачаа дека секој обид за предизвикување тензии и ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран и дека државата има капацитет да одговори со целосна сила и да не дозволи поедници да ја нарушуваат репутацијата на Македонија.

Од македонското МНР, исто така, најостро го осудија инцидентот и изразија очекување дека надлежните институции во брза, ефикасна и транспарентна истрага ќе ја утврдат одговорноста за настанот и соодветно ќе го санкционираат сторителот.

Во пожарот нема повредени лица и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од Министерството.

Екипа на „360 степени“ беше на местото на настанот, каде што беа двете возила, а на коловозот беа забележливи траги од гаснењето.



Поврзани содржини

Kај „Машка плажа“ во Струга пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси

15 јуни 2026

Украина отвора пристапни преговори со ЕУ

15 јуни 2026

МНРиНТ го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

15 јуни 2026
НАЈНОВО

Kај „Машка плажа“ во Струга пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси

15 јуни 2026

Од мај, Украинците извршија 200 напади врз цистерни и камиони на „копнениот мост“ кон Крим

15 јуни 2026

Бугарско МНР: Палењето на возилата е последица на агресивниот политички говор и поттикнувањето омраза

15 јуни 2026

Украина отвора пристапни преговори со ЕУ

15 јуни 2026

Трамп тврди дека почнал бродскиот сообраќај низ Ормуз, сателитските снимки покажуваат друго

15 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.