Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Осум лица загинаа при тест-лет на американски стратешки бомбардер „Б-52“ во Калифорнија

16 јуни 2026

Јаневска: Насилството не почнува во училиштето, туку најчесто во семејството

16 јуни 2026

На автопатот Охрид – Кичево автомобил удри во работник од Кина

16 јуни 2026

Грција поставува модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање

16 јуни 2026

Велика Британија обвини капетан на танкер од руската „флота од сенка“ за кршење на санкциите

16 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“, пациентите во Струга се оставени на милост и немилост

Press OnlineBy Press Online16 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Случајот со хирурзите од Струга, кои протестно ги прекинаа планираните операции поради неисплатени надоместоци што им следуваат по закон и колективен договор, отвора сериозни прашања за тоа кој ја мери „продуктивноста“ во здравството или ако нема пациенти дали лекарите треба да останат без плата. Наместо институциите да утврдат каде е проблемот, јавноста добива политички квалификации за тоа кој е продуктивен, а кој не, се наведува во соопштението од Левица.



Од партијата велат „хирурзите во Струга тврдат дека не се соодветно платени за својата работа. Власта и министерот Алиу, пак, тврдат дека здравствените установи кои најгласно ги бараат своите средства се истовремено и најмалку продуктивни. Но, што всушност значи „продуктивност“ во здравството? Ова неизбежно потсетува на идејата за „плаќање по учинок“ која се туркаше во времето на Груевски и која тогаш наиде на силен отпор од здравствените работници. И денес останува истото прашање: по кои критериуми некој ќе одлучува кој заслужува повеќе, а кој помалку? Ако власта тврди дека одредени болници или вработени не се доволно продуктивни, тогаш треба јасно да каже по кои критериуми го мери тоа. Дали продуктивноста на лекар, медицинска сестра или болничар се сведува само на бројот на пациенти, прегледи или операции?“.

„Колективниот договор јасно предвидува дека прекувремената работа се плаќа според остварените часови и соодветниот коефициент. Тоа право не зависи од субјективно мислење на министер дали некој бил доволно „продуктивен“, туку од фактот дека работел повеќе од редовното работно време. Информациите кои пристигнуваат до Левица се дека во сите здравствени установи се врши кратење на надоместоците за прекувремена работа, што само потврдува дека буџетот е во колапс. Дополнително, никој не може да ги „натера“ пациентите да дојдат во болница за да се подобри статистиката. По таа логика, дали треба да не ги платиме пожарникарите ако во текот на месецот немало пожари? Јавните служби постојат за да бидат подготвени кога граѓаните ќе имаат потреба од нив, а не само кога има работа“ е ставот на Левица.

Тврдат дека „во ситуација во која сега се наоѓа болницата во Струга токму пациентите се колатерална штета на недоразбирањата и нерешените исплати на надоместоци меѓу вработените и министерството за здравство“.

Поврзани содржини

Јаневска: Насилството не почнува во училиштето, туку најчесто во семејството

16 јуни 2026

На автопатот Охрид – Кичево автомобил удри во работник од Кина

16 јуни 2026

Врховниот суд пред сериозни предизвици: Недостигаат судии, пари и кадар, а вработените го тужат и бараат околу 70.000 евра

16 јуни 2026
НАЈНОВО

Осум лица загинаа при тест-лет на американски стратешки бомбардер „Б-52“ во Калифорнија

16 јуни 2026

Јаневска: Насилството не почнува во училиштето, туку најчесто во семејството

16 јуни 2026

На автопатот Охрид – Кичево автомобил удри во работник од Кина

16 јуни 2026

Грција поставува модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање

16 јуни 2026

Велика Британија обвини капетан на танкер од руската „флота од сенка“ за кршење на санкциите

16 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.