Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Летото ги открива старите проблеми на ЈСП: Автобуси се расипуваат и чадат низ Скопје

17 јуни 2026

Борозан: Власта нема слух, волја, ниту чувство за правда за најранливите категории на граѓани

17 јуни 2026

Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина

17 јуни 2026

Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство“, вели Борозан

17 јуни 2026

Бугарска фондација најави блокада на сите гранични премини со Македонија во недела

17 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Борозан: Власта нема слух, волја, ниту чувство за правда за најранливите категории на граѓани

Press OnlineBy Press Online17 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вистина е дека денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка, пишува во денешното соопштение на СДСМ од прес-конференција на Маја Борозан.



Социјално-ранливите граѓани, самохраните родители, лицата со инвалидетет и со ретки болести, работникот со најниска минимална плата – тие ја водат сами битка за достоинствен живот. Битката за своите деца, за покрив над глава, за сметки, за градинка, за училиште – за гола егзистенција.

Вистина е дека самохраните родители се сами во борбата за своите деца и за егзистенција. Лицата со попреченост се соочуваат со бариери што институциите не ги отстрануваат.

Болните од ретки болести чекаат лекови што не им се навремено достапни.

Жртвите на насилство и лицата со ментални потешкотии се без соодветна заштита и поддршка.

Работниците создаваат вредност, придонесуваат во економијата, а за возврат добиваат ниски плати со кои не можат да врзат крај со крај во месецот.

Вистината е дека власта денес нема ниту слух, ниту волја, ниту чувство за правда за најранливите категории на граѓани.

СДСМ во платформата „Твоја држава,твоја шанса“, нуди Сојуз за достоинство – систем на вистинска, сеопфатна и активна поддршка на граѓаните на кои што им е најпотребна.

Праведно е државата да застане зад самохраните родители. Предвидуваме државен додаток за домување, целосно покривање на трошоците за градинка и задолжително право на флексибилно работно време.

Праведно трудот на работникот да биде ценет и награден. Затоа нашата мерка е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите.

Обезбедуваме навремена достапност на лековите за лицата со ретки болести преку посебен фонд. Здравјето на граѓанинот не смее да зависи од административни процедури или буџетски дупки.

Предвидуваме национален план со кој сите јавни објекти ќе станат целосно пристапни за лицата со попреченост. Државата целосно ќе го финансира ангажманот на лични и образовни асистенти, за секое лице со попреченост да добие поддршка што му следува.

За жртвите на семејно насилство обезбедуваме итно домување, бесплатна правна помош и посебен пакет за економско осамостојување.

Предвидуваме и современи центри за лекување зависности и за ментално здравје.

Државата е најсилна тогаш кога најсилно стои зад најранливите.

„Твоја држава – твоја шанса“.

 

Поврзани содржини

Летото ги открива старите проблеми на ЈСП: Автобуси се расипуваат и чадат низ Скопје

17 јуни 2026

Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство“, вели Борозан

17 јуни 2026

Бугарска фондација најави блокада на сите гранични премини со Македонија во недела

17 јуни 2026
НАЈНОВО

Летото ги открива старите проблеми на ЈСП: Автобуси се расипуваат и чадат низ Скопје

17 јуни 2026

Борозан: Власта нема слух, волја, ниту чувство за правда за најранливите категории на граѓани

17 јуни 2026

Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина

17 јуни 2026

Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство“, вели Борозан

17 јуни 2026

Бугарска фондација најави блокада на сите гранични премини со Македонија во недела

17 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.