Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

17 јуни 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

17 јуни 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

17 јуни 2026

Предложен притвор за 44 год. Скопјанец кој ги опожари дипломатските возила на бугарската амбасада

17 јуни 2026

Во Албанија ќе се влегува само со една проверка, стартува системот „One Stop“

17 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

Press OnlineBy Press Online17 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Додека случајот „Мазут“ со месеци беше една од најекспонираните истраги во јавноста, едно прашање остана речиси незабележано зошто компанијата од која потекнувал речиси целиот мазут што бил предмет на истрагата воопшто не беше опфатена со постапката?

Околу 99 проценти од мазутот кој бил испорачуван преку РКЕ за потребите на ТЕЦ Неготино бил набавен токму од ОКТА но и покрај тоа, компанијата не беше меѓу субјектите кои беа предмет на истражните дејствија во случајот што го водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Причината можеби лежи во фактите кои произлегуваат од самата истрага. Имено, во текот на постапката не беше утврдено дека мазутот не ги исполнувал законски пропишаните стандарди за квалитет, ниту беа презентирани докази дека токму горивото било причина за наводното загадување кое беше дел од јавните обвинувања.

Во одговор на новинарските прашањата од компанијата ОКТА посочуваат дека сите производи што ги пласираат на пазарот се предмет на строги контроли на квалитетот кои се спроведуваат во акредитирана лабораторија.

„Како општ принцип, ОКТА не коментира јавно конкретни комерцијални аранжмани или поединечни деловни односи, особено за случаи кои биле предмет на постапување од страна на надлежните институции. Напоменуваме дека случајот на кој се повикувате е официјално завршен. ОКТА целосно ја почитува улогата на релевантните институции и соработуваше со нив во текот на целиот процес, а останува подготвена да соработува со надлежните органи и во иднина, доколку тоа биде потребно и во согласност со важечките законски прописи. ОКТА останува посветена на работење во целосна согласност со важечката законска и регулаторна рамка. Сите производи што ги пласираме на пазарот подлежат на строги процедури за контрола на квалитетот, кои се спроведуваат во нашата акредитирана лабораторија, во согласност со важечката регулатива и меѓународно признатите стандарди. Остануваме посветени на транспарентно и одговорно работење, притоа почитувајќи ги законските ограничувања што се однесуваат на доверливоста и постапките што се водат пред надлежните институции.“, одговорија од ОКТА.

Одговорот отвора уште едно важно прашање. Доколку најголемиот дел од мазутот навистина потекнувал од ОКТА, а компанијата тврди дека горивото било контролирано и усогласено со сите пропишани стандарди, тогаш на што точно се темелеле обвинувањата за неквалитетен мазут?

Дополнително, во Македонија постои повеќеслоен систем за контрола на течните горива. Покрај интерните проверки што ги вршат компаниите, контролата ја спроведуваат и државните институции. Правилникот за квалитет на течните горива прецизно ги утврдува параметрите што мора да ги исполнува мазутот, а во текот на постапката не беше објавено дека кај спорните количини било констатирано надминување на дозволените вредности.

Ниту тврдењата за загадување не добија институционална потврда. Според официјалните извештаи од ТЕЦ Неготино, во периодот кој беше предмет на истрагата редовно бил следен квалитетот на воздухот, при што не биле утврдени загадувања кои би можеле да се поврзат со работата на електраната.

Воедно, АД ЕСМ не пријави финансиска штета во постапката, иако токму евентуалната штета беше еден од клучните елементи на целиот случај. Поради недостаток на докази, истрагата беше запрена, а одлуката беше поддржана и од Републичкото јавно обвинителство.

Оттука, останува впечатокот дека иако речиси целиот мазут кој беше предмет на истрагата бил набавен од ОКТА, ниту истражните органи, ниту институционалните контроли пронашле основ за сомнеж во квалитетот на производот што компанијата го испорачувала. Токму затоа ОКТА никогаш не беше дел од истрагата која со месеци ја брануваше јавноста.

Д. Е.

Поврзани содржини

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

17 јуни 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

17 јуни 2026

Предложен притвор за 44 год. Скопјанец кој ги опожари дипломатските возила на бугарската амбасада

17 јуни 2026
НАЈНОВО

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

17 јуни 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

17 јуни 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

17 јуни 2026

Предложен притвор за 44 год. Скопјанец кој ги опожари дипломатските возила на бугарската амбасада

17 јуни 2026

Во Албанија ќе се влегува само со една проверка, стартува системот „One Stop“

17 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.