
Откако вчера беше пронајдено безживотно тело на 20-годишно момче кај „Машка плажа“ на Охридското Езеро, градоначалникот на Струга, Менди Ќура, до Советот достави иницијатива за усвојување предлог-одлуки за зголемување на безбедноста на плажи.
Со оваа одлука, според градоначалникот, би се намалила узурпацијата на плажите, каде луѓе што стопанисуваат со нив често не плаќаат надоместоци и не преземаат соодветни мерки за безбедност на посетителите.
„Предложив одлука со која ќе се забрани движење и паркирање на педалинките на плажите“, посочи градоначалникот.
Тој смета дека голем дел од овие педалинки се пуштаат нелегално, без да се издаваат фискални сметки за нив.

