Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Бугарските европратеници со писмо до Европскиот парламент го осудија палењето на дипломатските возила во Скопје

17 јуни 2026

На автопат во Германија се излеа гориво, предизвикана штета од над 100.000 евра

17 јуни 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

17 јуни 2026

Мицкоски: Очекувам да биде расветлена заднината на случајот со палењето на дипломатските возила

17 јуни 2026

САД ја продолжија лиценцата за работа на НИС и лиценцата за преговори на МОЛ до 1 јули

17 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

Press OnlineBy Press Online17 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ во авторство на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска, објавена на феминистичката платформа meduza.mk е меѓу сториите наградени со „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштијата.



-Наследувањето на имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се проткајува како народна пракса која речиси и да не се доведува под знак прашалник. Како и повеќето традиции, таа во својот корен негува начело на нееднаквост кое единствено опстојува во нашите ограничени перцепии за тоа што заслужуваат жените од своите семејства и колективи. Освен што се работи за блатантна дискриминација, темата за имотните права на жените, задира длабоко во родовата нееднаковост, како во личното, така и во политичкото.

Почнувајќи од 2023, достапните податоци нагласуваат значителни родови разлики, при што мажите сочинуваат 71% од имотната евиденција во споредба со 29% на жените, тренд конзистентен во различни региони. Дополнително, според истражување од Националната федерација на фармери „во руралните области, само 4% од жените се носители на сопственички права, обично откако ќе станат вдовици“.

Истражувањата покажуваат родова шема во изјавите за откажување од наследство, при што жените почесто се откажуваат од својот дел во полза на братот. Ова е резултат на патријархална и традиционална култура во која најчесто при распределба на наследството, имотот го добива синот или при оставински постапки ќерките се откажуваат од она што законски им припаѓа.

За да ги истражиме овие динамики подлабински, спроведовме анкета, но и директно на терен разговаравме со жени на различни возрасти, различни етнички заединици и социјални групи кои ни ја раскажаа својата приказна. Методолошки, целта ни беше да се чуе нивната приказна и глас, кои ја хранат вознемирувачката статистика.

Нивните сведоштва, сличноста на нивните приказни и расплетувањето на токсичните семејни динамики кои ги понеле на своите плеќи и во чие име ја ставиле во залог својата иднина говорат за култура, политика и идеологија кои се отпорни на идејата за еднаквост и демократските вредности, но и на здравиот разум.

Тие динaмики говорат и за неопходноста државата да се освести за важноста на ова прашање и да го отвори како исклучително важно во образованието, но и да му се посвети преку посебни кампањи и програми, пред сѐ, преку Министерството на труд и социјална политика – стои во воведот на наградената сторија по што следат десетици лични сведоштва.

Покрај Фрчкоска и Стевковска, награди се доделени и на:

Бојан Шашевски – „Училниците уште не се „проветрени“ од дискриминацијата кон атипичните деца“,

Ирина Крстевска – Фото сторија „ГМП – Пат кон зависност и сива економија, наместо излез од сиромаштија?“,

Михаил Милошевски – Периките на хуманитарката Сашка Кузманова кои со пари не се купуваат“

Љубица Иванова – „Наставничката Маја е единствената вработена која се грижи за сите услови во училиштето во село Маврово“,

Магдалена Стојмановиќ – Константинов – „Замаглените лица на сиромаштијата”,

Слободан Иванов – „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата „Глаголички откровенија“ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“,

Сунчица Стојановска Зоксимовска – „Македонци на „фармацевтски туризам“ во Косово и во Србија за поевтини лекови“.

 

 



Поврзани содржини

Бугарските европратеници со писмо до Европскиот парламент го осудија палењето на дипломатските возила во Скопје

17 јуни 2026

Мицкоски: Очекувам да биде расветлена заднината на случајот со палењето на дипломатските возила

17 јуни 2026

„Женското е туѓа фамилија“ – Либертас

17 јуни 2026
НАЈНОВО

Бугарските европратеници со писмо до Европскиот парламент го осудија палењето на дипломатските возила во Скопје

17 јуни 2026

На автопат во Германија се излеа гориво, предизвикана штета од над 100.000 евра

17 јуни 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

17 јуни 2026

Мицкоски: Очекувам да биде расветлена заднината на случајот со палењето на дипломатските возила

17 јуни 2026

САД ја продолжија лиценцата за работа на НИС и лиценцата за преговори на МОЛ до 1 јули

17 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.