Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„На државно ќе чекате три месеци, но на приватно можеме да ве оперираме уште утре“ – Алиу раскажува за поплаки од пациентите

19 јуни 2026

Остра реакција на Мелони: „Трамп измислува. Не го молев за фотка со мене“

19 јуни 2026

Грција сака Црна Гора да влезе во ЕУ за време на нејзиното претседателство во 2027

19 јуни 2026

Премногу енергија трошевме на работи што требаше да бидат затворени, мора да го смениме тој пристап – порача Мицкоски на Националниот совет за развој

19 јуни 2026

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

19 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Премногу енергија трошевме на работи што требаше да бидат затворени, мора да го смениме тој пристап – порача Мицкоски на Националниот совет за развој

Press OnlineBy Press Online19 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Имаме обврска да покажеме дека државата може да биде предвидлива, дека институциите можат да работат врз основа на план, а не врз основа на импровизација и дека развојот не смее да зависи од политичките циклуси, туку од јасно дефинирани национални цели околу кои ќе постои широк општествен консензус“, рече премиерот на денешниот петти состанок на Советот, на кој беше усвоен извештајот за Националната развојна стратегија 2024 – 2044 г.



Мицкоски нагласи дека успехот на една стратегија не се мери по бројот на нејзините страници, туку по бројот на животи што ќе ги подобри. Во таа смисла, примерот додаде дека за него најважното прашање не е колку документи ќе усвојат, туку колку млади луѓе ќе одлучат да ја градат својата иднина во земјава, колку нови компании ќе се отворат и колку силна и конкретна економија ќе изградиме

Во свет што брзо се менува, државите што немаа јасна стратегија и визија ризикуваат да останат на маргините на развојните процес, рече премиерот Мицкоски на денешниот петти состанок на Националниот совет за развој оценувајќи во таа насока дека документот за развојот на државата за периодот 2024-2044 година е еден од најважните документи што се создадени во поновата историја на државата.

 

Според премиерот, економските текови кои се менуваат, технолошките револуции кои ги трансформираат пазарите на трудот и геополитичките предизвици кои стануваат сè посложени, налагаат од државите, повеќе од кога било претходно, да имаат институции кои нема да размислуваат само за следната година, туку и за следните две децении.

 

Во однос на Националната стратегија за развој, Мицкоски посочи дека не станува збор за најважен документ затоа е усвоен од институциите, туку затоа што зад него, како што кажа, стои широк општествен консензус, сериозен експертски труд и искрена намера за конечно воспоставување култура на долгорочно планирање и стратегиско размислување.

Говорејќи во тој контекст, премиерот рече дека Македонија долги години била исправена пред многубројни предизвици кои честопати ја принудувале политиката да размислува краткорочно и наместо да се разговара каде што сакаме да бидеме за 20 години, често се разговарало како го поминеме следниот месец.

„Наместо да се натпреваруваме со најуспешните европски држави, премногу енергија трошевме во решавање на проблеми кои одамна требаше да бидат затворени. Но денес имаме обврска да го смениме тој пристап. Имаме обврска да покажеме дека државата може да биде предвидлива, дека институциите можат да работат врз основа на план, а не врз основа на импровизација, и дека развојот не смее да зависи од политичките циклуси, туку од јасно дефинирани национални цели околу кои ќе постои широк општествен консензус“рече Мицкоски.

Националниот совет за развој, додаде тој во таа насока, претставува една на најважните платформи што ги имаме денес, каде што се среќаваат институциите, науката, локалната самоуправа, бизнис-заедницата и граѓанскиот сектор. Тоа, наведе Мицкоски, е место каде што различните перспективи не се гледаат како пречка, туку како предност и место каде што се создаваат политики кои имаат потенцијал да траат подолго од еден мандат и подолго од една влада.

Тој особено ја нагласи работата на Работниот комитет и на сите оние кои во изминатиот период вложиле знаење, енергија и време за да ги преточат стратегиските цели во конкретни предлози, мерки и политики.

„Фактот дека повеќе од 1 200 претставници на различни засегнати страни активно учествувале во работата на комитетите, дека се идентификувани десетици конкретни мерки и дека голем дел од нив веќе се реализираат, претставува доказ дека ова не е процес кој останува затворен во институционалните ходници, туку процес кој создава реални ефекти и реални политики. Ова е особено важно затоа што граѓаните одамна не бараат нови стратегии и нови ветувања. Граѓаните бараат резултати. Бараат подобри работни места, повисоки приходи, поквалитетно образование, подобро здравство, модерна инфраструктура и институции кои ќе бидат ефикасни и праведни“,рече Мицкоски.

Премиерот притоа нагласи дека успехот на една стратегија не се мери по бројот на нејзините страници, туку по бројот на животи што ќе ги подобри.

Мицкоски потенцираше дека успехот на една стратегија не се мери по бројот на нејзините страници, туку по бројот на животи што ќе ги подобри. Во таа смисла, примерот додаде дека за него најважното прашање не е колку документи ќе усвојат, туку колку млади луѓе ќе одлучат да ја градат својата иднина во земјава, колку нови компании ќе се отворат и колку силна и конкретна економија ќе изградиме.

„Денес, кога зборуваме за развој, не зборуваме само за економски показатели. Зборуваме за доверба. Зборуваме за чувство кај граѓаните дека државата има правец, дека постои план и дека институциите знаат каде се движат. Зборуваме за создавање држава во која млад човек нема да мора да бара подобра иднина на друго место, затоа што ќе може да ја препознае овде. Држава во која успехот ќе биде резултат на знаење, труд и посветеност, а не на привилегии и врски. Држава во која развојот нема да биде привилегија на неколку урбани центри, туку можност достапна за секој граѓанин, без разлика каде живее. Затоа особено внимание посветуваме на инвестициите, иновациите, дигиталната трансформација и развојот на човечкиот капитал. Не затоа што тоа се модерни термини кои добро звучат во стратешките документи, туку затоа што токму тие ќе ја одредат конкурентноста на државата во следните две децении“рече Мицкоски, соопштија од Владата.

Во таа насока, оцени тој, особено значајни се активностите поврзани со Мапата за инвестирање која, како што кажа, покажува конкретни резултати преку поврзување на институциите, домашните компании и меѓународните инвеститори.

Денес, како што посочи тој, повеќе од кога било е важно Македонија да биде препознаена како држава која не нуди само поволна географска положба, туку и стабилност, предвидливост, квалификувана работна сила и јасна развојна визија .

Премиерот Мицкоски нагласи дека една од најважните теми за која мора да се разговара е токму демографијата бидејќи, како што рече, демографската политика не е само прашање на статистика, туку е прашање на национална одржливост и иднина на државата.

 

„Демографската политика не е само прашање на статистика. Таа е прашање на национална одржливост. Таа е прашање на иднината на државата. Токму затоа секоја економска мерка, секоја инвестиција, секоја реформа во образованието, здравството или локалниот развој, на крајот треба да има една заедничка цел, создавање подобар и поквалитетен живот за граѓаните“,изјави тој.

Мицкоски смета дека годишниот извештај за спроведување на Националната развојна стратегија не е извештај за завршена работа, туку почеток на еден процес кој ќе трае со години и кој ќе бара посветеност, континуитет и политичка зрелост.

„Денешниот Годишен извештај за спроведување на Националната развојна стратегија не е извештај за завршена работа. Тој е извештај за почеток на еден процес кој ќе трае со години и кој ќе бара посветеност, континуитет и политичка зрелост. Но истовремено тој е доказ дека државата конечно почнува да функционира врз основа на јасна визија, мерливи цели и конкретни резултати. Убеден сум дека доколку продолжиме по овој пат, доколку останеме посветени на реформите, на економскиот развој, на знаењето, на инвестициите и на модернизацијата на институциите, тогаш 2044 година нема да биде само бројка во една стратегија, туку година во која ќе можеме со гордост да кажеме дека сме изградиле посилна, побогата, поправедна и поуспешна Македонија. Македонија која ќе биде држава на можности. Македонија која ќе биде дом на амбициозните и способните. Македонија која нема да ја чека иднината, туку ќе ја создава“,подвлече премиерот.

 



Поврзани содржини

„На државно ќе чекате три месеци, но на приватно можеме да ве оперираме уште утре“ – Алиу раскажува за поплаки од пациентите

19 јуни 2026

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

19 јуни 2026

Стојаноски: Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност

19 јуни 2026
НАЈНОВО

„На државно ќе чекате три месеци, но на приватно можеме да ве оперираме уште утре“ – Алиу раскажува за поплаки од пациентите

19 јуни 2026

Остра реакција на Мелони: „Трамп измислува. Не го молев за фотка со мене“

19 јуни 2026

Грција сака Црна Гора да влезе во ЕУ за време на нејзиното претседателство во 2027

19 јуни 2026

Премногу енергија трошевме на работи што требаше да бидат затворени, мора да го смениме тој пристап – порача Мицкоски на Националниот совет за развој

19 јуни 2026

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

19 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.