Македонката Емилија Котевска Аврамчева била спасена од полските спасители кои ја повратиле во живот но трагедијата не можело да биде спречена и таа починала во болница
Котевска Аврамчева загинала откако излеголa од автомобилот на итната лента на експресен пат S8 Варшава/Прушков.
Трагична сообраќајна несреќа се случила вчера на експресниот пат S8 кај крстосницата Опач-Колонија.
72-годишна жена го запрела возилото на итната лента и излеголa од автомобилот била удрена од автобус/ван.
Според првичните информации, несреќата се случила околу 15:50 часот на улицата Нова, неколку стотини метри по крстосницата, во правец кон Варшава.
Жената го запрела својот автомобил на итната лента, излеголa и во тој момент била удрена од друго возило.
„На местото веднаш интервенираа три противпожарни единици од Прушков, екипa за итна медицинска помош и хеликоптер на Воздушната амбуланта. Извршена е срцева реанимација на повредената и таа била стабилизирана и транспортирана со хеликоптер во болница“, изјави портпаролот на Противпожарната служба во Прушков, Михаил Складановски.
За жал, полицијата утрово соопшти дека 72-годишната жена подлегнала на повредите во раните утрински часови во болницата.
Истрагата за точните околности на несреќата е во тек. Полицијата ги испитува сите материјални докази и сведоци за да ја утврди целосната одговорност за трагедијата.
Ова е уште еден потсетник за опасноста од застанување на итната лента и излегување од возилото без соодветна сигурност, особено на брзи експресни патишта.
Загинатата е столб на македонската заедница во Полска

