Градоначалникот вели дека лицата се идентификувани и дека е поднесена соодветна пријава.
„За жал, вакво однесување е забележано на повеќе локации низ општината, со уништување на урбана опрема, детски игралишта и други јавни содржини. Поради тоа, во соработка со МВР ќе бидат засилени контролите и надзорот на критичните локации.
Погледнете го видеото и видете како изгледа неодговорното однесување кое нема да биде толерирано“, напиша Митевски.

