Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Скопјанец избоден со остар предмет

22 јуни 2026

Иран тврди дека нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

22 јуни 2026

(Видео) ТВ 24- Има ли генералниот секретар на Влада бугарско државјанство и бизнис во Бугарија?

22 јуни 2026

Сообраќајка во Прилеп – тешко повреден 21-годишник, со возило излетал од патот

22 јуни 2026

Македонскиот државјани е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

22 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

(Видео) ТВ 24- Има ли генералниот секретар на Влада бугарско државјанство и бизнис во Бугарија?

Press OnlineBy Press Online22 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Прв пат слушам за такво нешто. “ – Ова е ставот на премиерот Мицкоски  за прозивките од бугарската „Фондација Македонија“  дека генералниот секретар Јанушев поседувал бугарско државјанство и фирми во Бугарија.

Според Мицкоски, станува збор за шпекулации и конструкции, за кои вели дека не сака да ги коментира – наместо тоа, порача, дека треба да се најде начин за решение на спорот.

Христијан Мицкоски премиер : Прв пат слушам за такво нешто. Инаку фондации и секакви глупости по нивните портали, ќе прочитате за сите нас. Сега ние, не може за секоја глупост нивна да ја коментираме. Дајте да зборуваме за конструктивни работи . Да најдеме начин како да го решиме прашањето. За глупости, измислици и пишувања на нивни портали, сега ние да се занимаваме со тоа, немаме намера.

Телевизија 24 се обиде да стапи во контакт со генералниот секретар на владата Игор Јанушев, но тој не одговори.

Вчера на социјалните мрежи осамна објава на бугарската фондација Македонија (чиј претседател е персона нон грата во земјава),  дека Јанушев поседува фирма во Ќустендил со како што пишува – годишен промет од 320 илјади евра. Најавија и тн „национална карта’ на бизнисите во Бугарија.

„Фондација Македонија“ бугарска невладина организација  : Игор Јанушев – генерален секретар на владата на Мицкоски. Бугарски државјанин. Прогласен за Бугарин по нација и етничка припадност. Со фирма во Ќустендил за транспортни услуги – „ФЛУГБАН ТРАНС“ . Компанијата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра и нето добивка помала од 10.000 евра – незначителен, во однос на прометот. За неколку дена очекувајте Национална карта на бизнисот на Мицкоски во Бугарија.

Оставка од Јанушев бара опозицијата. Меѓународниот секретар на СДСМ Жерновски, на социјалните мрежи тврди дека повеќе од една година поставува прашања за евентуално бугарско државјанство на Јанушев, но дека од Владата нема одговор.

Андреј Жерновски меѓународен секретар на СДСМ : Повеќе од година дена јавно го поставувам прашањето дали Игор Јанушев, генералниот секретар на владата на Мицкоски, е бугарски државјанин! Досега не добив одговор ниту од него, ниту од премиерот, ниту од нивната портпаролка, ниту од нивните новинари.  Ако, пак, веста е вистинита, првиот чекор е оставка веднаш! Чекаме одговор!

Според експертите, во случај на двојно државјанство, можни се и обврски кон бугарската држава.  Тие предупредуваат и дека, доколку Бугарија воведе задолжителна воена служба, таа би можела да се однесува и на лица со бугарско државјанство, вклучително и од Македонија.

Поврзани содржини

Скопјанец избоден со остар предмет

22 јуни 2026

Сообраќајка во Прилеп – тешко повреден 21-годишник, со возило излетал од патот

22 јуни 2026

Македонскиот државјани е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

22 јуни 2026
НАЈНОВО

Скопјанец избоден со остар предмет

22 јуни 2026

Иран тврди дека нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

22 јуни 2026

(Видео) ТВ 24- Има ли генералниот секретар на Влада бугарско државјанство и бизнис во Бугарија?

22 јуни 2026

Сообраќајка во Прилеп – тешко повреден 21-годишник, со возило излетал од патот

22 јуни 2026

Македонскиот државјани е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

22 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.