Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Здравство и европски прашања – дел од преговорите за владината реконструкција, во Правда доаѓа нов кадар

22 јуни 2026

Австралиската полиција заплени кокаин во вредност од 500 милиони евра

22 јуни 2026

Пред капија на фирма во Македонија возач на камион смртно прегази свој колега!

22 јуни 2026

Сали: ВЛЕН е спремен, но е против предвремени избори по секоја цена

22 јуни 2026

Конфликт во Прага: Владата го исклучи претседателот Павел од делегацијата за Самитот на НАТО

22 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Пред капија на фирма во Македонија возач на камион смртно прегази свој колега!

Press OnlineBy Press Online22 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Сообраќајната несреќа се случила денеска, претпладне, на улица „Раштански пат“ каде бил удрен и усмртен педесет и четири годишниот О.Ѓ од Велес од страна на неговиот една година постар сограѓанин С.Д

На поставеното новинарско прашање од страна на Дума.мк за тоа што се случило пред влезна капија на улица Раштански пат и што точно се случило од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес одговорија

;Во СВР Велес било пријавено дека околу 11:00 часот на улица Раштански пат во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес. Возачот С.Д. бил лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција,“ соопшти портпаролката Ана Милевска Георгиева.

Дума.мк првично беше информирана од граѓани кои живеат во овој дел на градот дека станува збор за тешка сообраќајна несреќа, која што се случила на околку 3 метри од влезна капија на фирма, во која возач на камион го прегазил својот колега.

Од Итна медицинска помош на Здравствен дом Велес потврдија дека нивна екипа била повикана на местото на сообраќајката. Смртта кај удрениот маж ја констатирала екипа на велешка Брза помош.

-Во Итна медицинска служба повикот за помош е пристигнат во 11.05 минути и на местото на трагичниот настан екипата стигна во 11:10 часот. Извршен е преглед кај машко лице при што констатирана е смрт,“ рече д-р Стефан Спасовски за Дума.мк.



Поврзани содржини

Здравство и европски прашања – дел од преговорите за владината реконструкција, во Правда доаѓа нов кадар

22 јуни 2026

Сали: ВЛЕН е спремен, но е против предвремени избори по секоја цена

22 јуни 2026

Скопјанец избоден со остар предмет

22 јуни 2026
НАЈНОВО

Здравство и европски прашања – дел од преговорите за владината реконструкција, во Правда доаѓа нов кадар

22 јуни 2026

Австралиската полиција заплени кокаин во вредност од 500 милиони евра

22 јуни 2026

Пред капија на фирма во Македонија возач на камион смртно прегази свој колега!

22 јуни 2026

Сали: ВЛЕН е спремен, но е против предвремени избори по секоја цена

22 јуни 2026

Конфликт во Прага: Владата го исклучи претседателот Павел од делегацијата за Самитот на НАТО

22 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.