Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Елмази: Абази да отвори предмет за јавните набавки на заштитни огради на патиштата

23 јуни 2026

Здравство и европски прашања – дел од преговорите за владината реконструкција, во Правда доаѓа нов кадар

22 јуни 2026

Австралиската полиција заплени кокаин во вредност од 500 милиони евра

22 јуни 2026

Пред капија на фирма во Македонија возач на камион смртно прегази свој колега!

22 јуни 2026

Сали: ВЛЕН е спремен, но е против предвремени избори по секоја цена

22 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Сали: ВЛЕН е спремен, но е против предвремени избори по секоја цена

Press OnlineBy Press Online22 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Партијата ВЛЕН е спремна за избори, особено после позитивниот резултат на локалните избори, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Но, смета дека граѓаните очекуваат да видат остварување на ветеното.

Во прилог на тезата дека не се плашат од избори во кој било момент, генералниот секретар на ВЛЕН вели дека раководат со десет општини и тој факт е добра почетна точка за разлика од нивните опоненти кои се во опозиција.

– Овој став е пренесен и во јавноста и на опозицијата и на партнерите дека сме спремни за избори, меѓутоа дека не се потребни сега, затоа што уште имаме за реализација, уште треба да се работи… Доколку има нов моментум политички, којшто ќе ја смени динамиката на развој во државата дека е битно тоа за државата, секако сме спремни. Не би дискутирале во делот што е подобро за граѓаните, меѓутоа дека ние како политичка партија бараме предвремени избори само за да покажеме дека ќе ги добиеме изборите, мислам дека тоа е погубно и за нас како политичари и за граѓаните – изјави Сали.

Во однос на преговорите за реконструкција на Владата што се во тек, Сали рече дека ВЛЕН ќе има освежувања во своите редови, но и дека освен за нови имиња меѓу владините партнери се разговара и за ротација на ресори.

– Сигурно ќе има освежување од страна на Влен во екипата, а за другиов дел останува сè уште отворено. Значи, разговараме за можностите – имињата да се менуваат или, пак, позициите како ресори – рече Сали.

Прашан дали би прифатил повторно да биде министер за здравство, Сали рече дека „сè е отворено, не можам ни да негирам ниту, пак, да потврдам дека е така, дали ќе биде во иднина, затоа што тоа е сè дел на преговори“.

На прашањето какви информации има за преговорите на другиот коалициски партнер ЗНАМ и дали може да се очекува нов кадар во ресорот Правда со оглед дека јавна тајна е дека Министерството за правда е дел од преговорите, Сали рече дека е очекувано таму да има промена.

– Мислам дека е очекувано, меѓутоа не можам да навлезам во детали во кој правец ги развиваат преговорите и како разговараат, кои се размислувањата на коалициониот партнер ЗНАМ. Меѓутоа, очекувано е таму да има некоја промена што ќе рефлектира повеќе ангажман – рече Сали.

Според Сали, со обвинувањата за Законот за правична застапеност ДУИ го понижува албанскиот фактор во институциите.

– Основата на овој закон е во Охридскиот договор. Тие што со знаме на Охридски договор добија неколку циклуси на избори, не успеаја да обезбедат закон за застапеност. Ние во период од година и пол отприлика успеавме и законот и консолидација во Владата и одлука на Владата како предлог на Владата да го пуштиме во Собрание. Тоа е во собраниска процедура. Првото читање помина, сега утре е второто читање во Комисијата за политички систем. Јас очекував реално поконкретна дебата за да имаме подобар закон. Не сметам дека е идеален, меѓутоа е најдобар досега. И дека е замена на ‘балансерот’, тоа е несомнено, затоа што ‘балансерот’ го повлекоа, го дерогираа тие самите. Значи, во време на таа влада ние имаме потписи собрани од пет министерства коишто ги управуваа експоненти на ДУИ, со коишто дадоа мислење дека ‘балансерот’ треба да се повлече затоа што во согласност со агенда којашто е 2022-2028, ако не се лажам, за реформи во јавната администрација, ‘балансерот’ не треба да биде функционален – појасни Сали.

Во однос на прашањето за полагање на правосудниот испит, Сали вели дека Владата е блиску до комбинирано јазично решение.

– Во делот на работата на комисијата која беше експертска комисија, таа фаза е завршена. Има неколку минорни измени со кои кандидатот ќе треба да поднесе барање на кој јазик сака да полага и ќе се даде право да полагаат и тие што студирале на албански, и на англиски, и на турски јазик, односно да можат да го полагаат правосудниот испит на јазикот на кој студирале – изјави Сали.

Идејата на Владата, како што објасни Сали, е дел од предметите предвидени со правосудниот испит да се полагаат на јазикот на кој ќе побара кандидатот (албански, турски, англиски…), а двата предмета што опфаќаат практичен дел да бидат на македонски.



Поврзани содржини

Елмази: Абази да отвори предмет за јавните набавки на заштитни огради на патиштата

23 јуни 2026

Здравство и европски прашања – дел од преговорите за владината реконструкција, во Правда доаѓа нов кадар

22 јуни 2026

Пред капија на фирма во Македонија возач на камион смртно прегази свој колега!

22 јуни 2026
НАЈНОВО

Елмази: Абази да отвори предмет за јавните набавки на заштитни огради на патиштата

23 јуни 2026

Здравство и европски прашања – дел од преговорите за владината реконструкција, во Правда доаѓа нов кадар

22 јуни 2026

Австралиската полиција заплени кокаин во вредност од 500 милиони евра

22 јуни 2026

Пред капија на фирма во Македонија возач на камион смртно прегази свој колега!

22 јуни 2026

Сали: ВЛЕН е спремен, но е против предвремени избори по секоја цена

22 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.