Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026

Унгарскиот парламент усвои пакет закони за деблокирање на европските фондови

23 јуни 2026

„Титан-Усје“: Како прва компанија со А-интегрирана дозвола остануваме посветени на највисоките еколошки стандарди

23 јуни 2026

Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена, од Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара

23 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Амнести интернешнал ја обвини ЕУ за соучесништво во репресијата врз мигрантите во Либија

Press OnlineBy Press Online23 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Властите во источна и западна Либија во изминатиот месец ги засилија репресивните мерки против мигрантите и бегалците преку масовни апсења, притворања и протерувања, соопшти „Амнести интернешнал“, обвинувајќи ја Европската Унија за соучесништво во прекршувањата.

Либија, каде што контролата е поделена меѓу ривалски политички и вооружени фракции, претставува главна транзитна рута за луѓето кои бегаат од конфликти и сиромаштија кон Европа преку опасниот медитерански морски пат, откако востанието поддржано од НАТО во 2011 година го собори режимот на Моамер Гадафи.

ЕУ и нејзините земји членки со години ја поддржуваат и ја обучуваат либиската крајбрежна стража, која ги пресретнува мигрантите на море. Иако Брисел официјално ја признава само владата во Триполи, од минатата година ја засили и комуникацијата со ривалските власти во источниот дел на земјата, пренесува БТА..

„Амнести интернешнал“ соопшти дека репресиите вклучуваат масовни апсења во повеќе градови, присилни иселувања и протерување на стотици мигранти, меѓу кои и државјани на Судан, без можност да побараат азил или да ја оспорат одлуката за депортација.

– ЕУ долго време го финансира контролирањето на миграцијата во Либија преку поддршката на либиската крајбрежна стража, што веќе ја прави соучесник во сериозни прекршувања и злоупотреби – изјави Дијана Елахави, заменик-регионален директор на „Амнести интернешнал“ за Блискиот Исток и Северна Африка.

– Проширувањето на оваа соработка кон вооружените групи во источниот дел на земјата, кои имаат историја на воени злосторства и други прекршувања без да сносат одговорност, покажува шокантно непочитување не само на меѓународното право, туку и на човечкиот живот и достоинство – додаде таа.

Претставници на ЕУ ја бранеа соработката со Либија, оценувајќи дека таа помага во спасувањето човечки животи на море и во спречувањето на нелегалната трговија со луѓе.

Во писмо до лидерите на ЕУ минатата недела, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, наведе дека „континуираниот ангажман на ЕУ во Либија останува незаменлив“, посочувајќи на зголемениот број нерегуларни преминувања кон Грција преку источномедитеранската рута.

Минатото лето европскиот комесар за миграција, Магнус Брунер, ја посети источна Либија за разговори со локалните власти, но беше протеран кратко по пристигнувањето. 

Поврзани содржини

Унгарскиот парламент усвои пакет закони за деблокирање на европските фондови

23 јуни 2026

Четириесет лица се удавија во Франција. Свикан е итен состанок. „Ова е без преседан“

23 јуни 2026

Најтопла ноќ во Франција откако се мерат температурите

23 јуни 2026
НАЈНОВО

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026

Унгарскиот парламент усвои пакет закони за деблокирање на европските фондови

23 јуни 2026

„Титан-Усје“: Како прва компанија со А-интегрирана дозвола остануваме посветени на највисоките еколошки стандарди

23 јуни 2026

Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена, од Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара

23 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.