Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

МНР на Бугарија негира дека испратило дипломатска нота за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово

24 јуни 2026

Таравари бара гаранции за преговори со ЕУ, а не функции и привилегии, велат од Алијансата за Албанците

24 јуни 2026

Тело на млад човек пронајдено на древно место во Англија. „Убиен е на најбрутален начин“

24 јуни 2026

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

24 јуни 2026

Урнат облакодерот „Вјесник“, некогаш симболот на Загреб

24 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Тедрос: Температурите во Европа растат двојно побрзо од просекот, потребна е акција за климатските промени

Press OnlineBy Press Online24 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека температурите во Европа растат двојно побрзо од глобалниот просек, што бара забрзана акција за климатските промени, со што се зголемува веројатноста и интензитетот на екстремни топлотни бранови во иднина.

Тој на платформата Икс напиша дека не можеме да си дозволиме понатамошни одложувања.

„Податоците се јасни: температурите низ Европа растат приближно двојно повеќе од глобалниот просек, зголемувајќи ја веројатноста и сериозноста на идните екстремни топлотни бранови“, рече Тедрос.

Тој изјави дека топлотниот бран во Европа принудува затворање на училишта и го загрозува здравјето на луѓето и истакна дека понатамошното одложување не е можно.

„Лидерите мора да дадат приоритет на инвестирањето во здравствени системи отпорни на климатските промени, а воедно да го забрзаат дејствувањето за климатските промени и да ги ублажат причините за климатската криза“, нагласи Тедрос.

Европа во последните денови беше погодена од силен топлотен бран, со температури над 40 степени Целзиусови во некои земји.

Поради екстремната жештина, во неколку европски земји беа воведени највисоки предупредувања, додека некои училишта беа затворени, а властите апелираа до граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот.

Поврзани содржини

Тело на млад човек пронајдено на древно место во Англија. „Убиен е на најбрутален начин“

24 јуни 2026

Чешкиот Уставен суд ѝ наложи на Владата да му дозволи на претседателот Павел да присуствува на самитот на НАТО

24 јуни 2026

МКС препорача разрешување на главниот обвинител Карим Кан

24 јуни 2026
НАЈНОВО

МНР на Бугарија негира дека испратило дипломатска нота за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово

24 јуни 2026

Таравари бара гаранции за преговори со ЕУ, а не функции и привилегии, велат од Алијансата за Албанците

24 јуни 2026

Тело на млад човек пронајдено на древно место во Англија. „Убиен е на најбрутален начин“

24 јуни 2026

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

24 јуни 2026

Урнат облакодерот „Вјесник“, некогаш симболот на Загреб

24 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.