Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мамдани го цементираше своето влијание на примарните избори кај демократите во Њујорк

24 јуни 2026

СДСМ: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен

24 јуни 2026

Кривични за сопствениците на две фирми – впишале недовршени објекти во Катастар , заработиле 50 милиони денари

24 јуни 2026

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ

24 јуни 2026

Левица станува сојузник на СДСМ и ДУИ!

24 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Кривични за сопствениците на две фирми – впишале недовршени објекти во Катастар , заработиле 50 милиони денари

Press OnlineBy Press Online24 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РСМ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ од чл. 280 од КЗ на РСМ, „Измама на штета на средствата на Европската Унија – во обид“ од чл. 249-а од КЗ на РСМ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од чл. 380 од КЗ на РСМ.



Како што соопштуваат од Финансиската полиција, пријавените лица, во својство на надзорни инженери, постапувајќи спротивно на законските одредби, ги пречекориле границите на своите службени овластувања, извршиле технички преглед на објекти и изготвиле завршни извештаи со невистинита содржина, спротивно на член 33 и член 90 став 3 од Законот за градење, со што им овозможиле на правните лица да ги впишат недовршените објекти во Агенцијата за катастар на недвижности и да се стекнат со противправна имотна корисt

-Сопствениците и управителите на правните лица, иако биле свесни дека објектите не се завршени и не ги исполнуваат законските услови за ставање во употреба, ги употребиле завршните извештаи со невистинита содржина како основ за упис на објектите во јавните книги на Агенцијата за катастар на недвижности, со цел да создадат привидно исполнување на условите за користење и да овозможат исплата на одобрената финансиска поддршка од Програмата за рурален развој во рамки на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (ИПА 3 – ИПАРД 2021–2027) и да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 50.141.528 денари, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Поврзани содржини

СДСМ: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен

24 јуни 2026

Левица станува сојузник на СДСМ и ДУИ!

24 јуни 2026

Центар побара засилена контрола од МВР на детските игралишта

24 јуни 2026
НАЈНОВО

Мамдани го цементираше своето влијание на примарните избори кај демократите во Њујорк

24 јуни 2026

СДСМ: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен

24 јуни 2026

Кривични за сопствениците на две фирми – впишале недовршени објекти во Катастар , заработиле 50 милиони денари

24 јуни 2026

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ

24 јуни 2026

Левица станува сојузник на СДСМ и ДУИ!

24 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.