Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати

24 јуни 2026

Со автомобил го газеше мотоциклот по сообраќајка во Скопје – мотоциклистот заврши во болница

24 јуни 2026

МКС препорача разрешување на главниот обвинител Карим Кан

24 јуни 2026

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски

24 јуни 2026

Апасиев го обвини Тошковски за партизација, министерот возврати дека опозицијата сака да го закочи расчистувањето со криминалот

24 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски

Press OnlineBy Press Online24 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица, откако по завршениот претрес 77 пратеници гласаа, од кои 58 беа против, а 19 за.

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, сумирајќи ја интерпелацијата оцени дека „Република Северна Македонија е небезбедна држава поради нејзиното Министерство за внатрешни работи“ и дека „апаратот за обезбедување на граѓаните не функционира како што треба“.

– Вистината е дека општата ситуација во Македонија не е таму каде што треба да е. Македонија е небезбедна држава поради нејзиното Министерство за внатрешни работи кое не прави структурални промени да ја обезбеди таа безбедност. Македонија е држава во која нормални активности може да имаат поголеми последици затоа што апаратот за обезбедување на граѓаните не функционира како што треба, бидејќи се гледа како апарат за полнење на политички кадри – рече тој.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во реплика истакна дека ќе даде се од себе да ги подобрува работите.

– Ќе дадам сѐ од себе додека сум на оваа позиција во секој сегмент барем една работа да е поодобра, македонските граѓани го гледаат тоа и го знаат. Нема никогаш да лажам и ќе се трудам да дадам максимум од себе си, дали тоа ќе биде доволно ќе каже времето – порача министерот.

Во текот на расправата, опозицијата тврдеше дека има „скандали, пропусти и нула одговорност“ и побара оставка, додека Тошковски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ возвратија со „конкретни резултати, зголемена ефикасност и сузбиени криминални групи“, оценувајќи дека не треба да се бара смена за министер кој „се труди и има резултати“.

Според Деловникот на Собранието, Интерпелацијата се спроведува по јасно утврдена процедура на поднесување и гласање. Расправата за интерпелација се одвива на пленарна седница, трае еден работен ден и мора да заврши најдоцна до 24 часот истиот ден, кога се врши и гласање



Поврзани содржини

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати

24 јуни 2026

Со автомобил го газеше мотоциклот по сообраќајка во Скопје – мотоциклистот заврши во болница

24 јуни 2026

Апасиев го обвини Тошковски за партизација, министерот возврати дека опозицијата сака да го закочи расчистувањето со криминалот

24 јуни 2026
НАЈНОВО

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати

24 јуни 2026

Со автомобил го газеше мотоциклот по сообраќајка во Скопје – мотоциклистот заврши во болница

24 јуни 2026

МКС препорача разрешување на главниот обвинител Карим Кан

24 јуни 2026

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски

24 јуни 2026

Апасиев го обвини Тошковски за партизација, министерот возврати дека опозицијата сака да го закочи расчистувањето со криминалот

24 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.