Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Воените „јастреби“ бараат од Путин да ги прекине разговорите со САД и да употреби нуклеарно оружје во Украина

26 јуни 2026

Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

26 јуни 2026

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

26 јуни 2026

Во Германија измерен апсолутен температурен рекорд

26 јуни 2026

Се трага по 77-годишна жена од Орешани, боледува од деменција

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Еден од тројца бездомници во Атина на улица живее пет или повеќе години

Press OnlineBy Press Online26 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Седум од десет бездомни лица во Атина од економски причини останале без дом, еден од тројца на улица е пет или повеќе години, седум од десет бездомници се грчки државјани, а мнозинството се мажи, покажуваат резултатите од пописот на бездомни лица спроведен во октомври минатата година од општина Атина во соработка со Одделот за социјална политика на Универзитетот Пандио и со учество на 150 волонтери од Здружението на социјални работници, јави дописничката на МИА од Атина.

Резултатите беа попладнево презентирани од професорите одговорни за истражувањето, кои посочија дека пописот бил во рамките на европската програма „European Homelessness Counts“, односно регистрација на бездомници спроведена во 35 европски градови.

Објаснија дека регистрацијата била спроведена на 20 октомври во вечерните часови, но во услови на дожд, што можеби има свое влијание врз резултатите, а втората регистрација била од 21 до 27 октомври во институција каде што се вршело интервјуирањето.

Првично во регистрацијата било опфатено 681 лице, од кои 384 биле евидентирани на улица, а 297 преку институции и организации, но во втората фаза од пописот, биле регистрирани 374 бездомници.

Две третини од бездомниците во општина Атина се мажи (71 отсто), а 69,9 отсто се грчки државјани.

Според резултатите, најпогодени се лицата на средната и постара возраст, при што 62 отсто се постари од 50 години, односно 34,2 проценти се на над 65-годишна возраст, а по 28,1 отсто од бездомниците се во старосните групи од 50 до 64 години и од 30 до 49 години.

Од друга страна, помалку од осум отсто од бездомните лица, се под 30-годишна возраст.

Тројца од десет (31,6 проценти) на улица се пет или повеќе години, меѓу две и пет години без дом се 24,9 отсто од регистрианите, 19 проценти се помалку од една година, а 17,9 проценти одговориле дека без кров над глава се меѓу една и две години.

Паралелно, речиси две од три лица (65,8 отсто) живеат сами, без поддршка од партнер или семејството.

За време на презентацијата беше посочено дека резултатите од истражувањето покажуваат дека бездомништвото во Атина останува сложен и во голема мера долготраен општествен проблем, бидејќи повеќе од половина од евидентираните лица немаат самостојно живеалиште повеќе од две години.

Од бездомните лица, 72,2 отсто рекле дека останале без дом поради економски причини, речиси четворица од десет ги навеле здравствените проблеми и зависностите, а за 30,2 проценти причината се семејните прашања.

Во регистрацијата, географски биле опфатени 63 зони во центарот на Атина, односно централниот дел на градот што е во надлежност на општината, а не поширокиот регион на Атика, што вклучува и други општини, со оглед на тоа што за целата област, одговорна е периферијата.

податоци за бездомници атина

Во последните 15 години ова е петта регистрација на бездомни лица во општина Атина, првата била во 2013 година, втората две години подоцна, потоа следела нова во 2017 година и уште една во 2018 година со помош на Министерството за труд на Грција.

Во сите досегашни пописи, како и при последниот во октомври 2025 година се користеле различна методологија и начини, што според надлежните не дозволува точна споредба на резултатите, а на денешната презентација посочија дека во иднина треба да се разгледа можноста почесто, можеби на годишно ниво да се врши регистрација.

Поврзани содржини

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Грција од 1 јули ќе наплаќа три евра царина за секој производ купен онлајн од трети земји

26 јуни 2026

Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос и ова лето се поврзаа со бродска линија

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Воените „јастреби“ бараат од Путин да ги прекине разговорите со САД и да употреби нуклеарно оружје во Украина

26 јуни 2026

Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

26 јуни 2026

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

26 јуни 2026

Во Германија измерен апсолутен температурен рекорд

26 јуни 2026

Се трага по 77-годишна жена од Орешани, боледува од деменција

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.