Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во тек е пријавувањето за Скопскиот маратон

26 јуни 2026

Украина ја нападна Русија со рекорден број дронови ноќе

26 јуни 2026

Ги „отворија“ политичари и доктори во април само за сликање а до операции во нив има уште за да бидат готови.

26 јуни 2026

Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос и ова лето се поврзаа со бродска линија

26 јуни 2026

Јапонија евакуира 2,2 милиони луѓе поради тајфун. Се затвораат училиштата и фабриките

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос и ова лето се поврзаа со бродска линија

Press OnlineBy Press Online26 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првиот траект за оваа сезона утрово отплови од Солун кон островите Скијатос, Скопелос и Алонисос, а планирано е како и во изминатите години, бродската линија да функционира во текот на летниот период и ќе сообраќа петпати седмично, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако според грчките медиуми цените на билетите остануваат исти како и лани, кога до Скијатос најевтиниот беше 36,70 евра, до Скопелос 40,30 евра и до Алонисос 48 евра, по патник во еден правец, сепак, на официјалниот сајт на компанијата во делот за онлајн купување билети, цената е идентична за сите три острови, почнува од 56,60 евра и достигнува до 87,60 евра во зависност од категоријата на билетот.

За Скијатос патувањето трае три часа и 10 минути, потоа траектот продолжува за Скопелос, каде што стигнува по 40 минути, а за Алонисос од Солун стигнува за четири часа и 20 минути.

Траектите од Солун ќе сообраќаат секој понеделник, вторник, четврток, петок и сабота во утринските часови, а за враќање од островите ќе поаѓаат во понеделник, среда, четврток, петок и недела во попладневните часови.

Претставникот на компанијата Харис Карахарисис посочи дека за денеска и утре траектите се со исполнетост што достигнува до 95 отсто, а првиот траект утрово отплови со 780 патници и 80 возила, додека пак најголем интерес од патниците има за островот Скопелос.

Веќе шеста година е во функција конкретната бродска линија, што според медиумите во Грција е финансирана од Министерството за поморство и перифериите централна Македонија и Тракија. 

Поврзани содржини

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм

26 јуни 2026

Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари

26 јуни 2026

(Видео) Вучиќ ги покажа српските роботи Милутин и Драгутин

25 јуни 2026
НАЈНОВО

Во тек е пријавувањето за Скопскиот маратон

26 јуни 2026

Украина ја нападна Русија со рекорден број дронови ноќе

26 јуни 2026

Ги „отворија“ политичари и доктори во април само за сликање а до операции во нив има уште за да бидат готови.

26 јуни 2026

Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос и ова лето се поврзаа со бродска линија

26 јуни 2026

Јапонија евакуира 2,2 милиони луѓе поради тајфун. Се затвораат училиштата и фабриките

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.