Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Затворен „Алигатор Алкатраз“, центарот за имигранти во Флорида

26 јуни 2026

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија

26 јуни 2026

Во тек е пријавувањето за Скопскиот маратон

26 јуни 2026

Украина ја нападна Русија со рекорден број дронови ноќе

26 јуни 2026

Ги „отворија“ политичари и доктори во април само за сликање а до операции во нив има уште за да бидат готови.

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Во тек е пријавувањето за Скопскиот маратон

Press OnlineBy Press Online26 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Секој голем резултат започнува со една одлука – одлуката да се направи првиот чекор. Токму затоа, сите кои сакаат да бидат дел од најголемиот спортски настан во земјата, Виз Ер Скопски маратон 2026, сега е вистинското време да се пријават и да ги започнат своите подготовки.



Следниот рок за пријавување со поволна котизација е 31 јули, а организаторите ги повикуваат сите љубители на трчањето да не чекаат последен момент, туку навреме да го обезбедат своето место на стартната линија за маратонот кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година.

Виз Ер Скопски маратон и оваа година ќе понуди можност за учество на илјадници професионални атлети, рекреативци, компании, спортски клубови и сите оние кои сакаат да го почувствуваат уникатниот дух на најголемата тркачка манифестација во Македонија. На програмата се маратонот, полумаратонот, трката „5км Комерцијална банка“, штафетниот маратон „ЕУ за спорт“, Team Building трката за компании, а ќе се одржи и традиционалниот детски мини маратон.

Без разлика дали целта е истрчување на првиот маратон, поставување нов личен рекорд, рекреативно учество на 5 километри или градење тимски дух со колегите, Виз Ер Скопски маратон претставува можност секој да си постави личен предизвик и да стане дел од едно незаборавно спортско искуство. Од година во година, маратонот привлекува сè поголем број домашни и странски учесници, потврдувајќи ја својата позиција како еден од најзначајните спортски и туристички настани во регионот.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да не го чекаат последниот рок за пријавување, туку навреме да ја обезбедат својата регистрација и да ги започнат подготовките за настап на 4 октомври. Искусните тркачи добро знаат дека успешниот резултат не се гради пред денот на трката, туку со месеци посветеност, дисциплина и континуирани тренинзи.

Годинашната комуникациска порака „#ТрчањетоЌеТеПромени“ (#RunningWillChangeYou) ја пренесува суштината на маратонот – дека трчањето не е само спорт, туку начин на живот кој инспирира, мотивира и ги поместува личните граници. Секоја истрчана километарска делница претставува нова победа над сопствените ограничувања, а секој учесник е дел од заедница која ги слави истрајноста, дисциплината, заедништвото и здравите животни навики.

Поврзани содржини

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија

26 јуни 2026

Ги „отворија“ политичари и доктори во април само за сликање а до операции во нив има уште за да бидат готови.

26 јуни 2026

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Затворен „Алигатор Алкатраз“, центарот за имигранти во Флорида

26 јуни 2026

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија

26 јуни 2026

Во тек е пријавувањето за Скопскиот маратон

26 јуни 2026

Украина ја нападна Русија со рекорден број дронови ноќе

26 јуни 2026

Ги „отворија“ политичари и доктори во април само за сликање а до операции во нив има уште за да бидат готови.

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.