Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

26 јуни 2026

Џон Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна поради задржување доверливи информации

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

МП: Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба 

Press OnlineBy Press Online26 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за правда информира дека Собранието денеска ги донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, како и Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство.



Со донесувањето на Законот за судска служба се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт.

-Најзначајната новина  е издвојувањето на судските стручни службеници на начин што добиваат статус на посебни административни службеници, односно како посебна категорија вработени во судската власт со сопствен законски режим. Се воспоставува нов и пофункционален систем на класификација на работните места, преку дополнување на категориите, нивоата и звањата на судските службеници согласно реалните потреби на судовите. Со ова се надминуваат долгогодишните практични проблеми поврзани со несоодветната класификација на работните места преземена од системот на административни службеници. Истовремено, се воспоставува нов систем на вработување и унапредување, специјално прилагоден на судската служба. Наместо примена на решенија преземени од општиот систем на административни службеници, се воведува посебна постапка која вклучува административна селекција, испит и интервју, со што се обезбедува избор на најквалитетни и најстручни кадри за потребите на судовите – се вели во соопштението од МП.

Со новото законско решение, од МП посочуваат, дека значително се зајакнува и институционалната независност на судската власт. Судскиот буџетски совет добива централна улога во кадровското планирање преку изготвување единствен годишен план за вработување, кој ќе се доставува до Министерството за финансии и Министерството за јавна администрација за увид и известување, без потреба од претходна согласност. Со тоа се намалува зависноста од извршната власт и се зацврстува кадровската автономија на судството.

-Законот воведува и нов систем на плати, со кој зголемувањата предвидени со колективните договори стануваат составен дел од основната плата, обезбедувајќи стабилен, предвидлив и правичен систем на вреднување на трудот на судските службеници. Истовремено, прецизно се уредува статусот на судската полиција, чии припадници добиваат бенифициран работен стаж, како и статусот на останатите категории вработени во судовите, со јасно дефинирани права, обврски и одговорности – стои во соопштението од МП.

Посебно се унапредува и институцијата судски администратор. За првпат се воспоставува вистински кариерен систем кој овозможува напредување на искусни и стручни судски службеници до оваа функција, врз основа на јасно утврдени критериуми. Воедно, судскиот администратор станува дел од системот на дисциплинска одговорност, со што дополнително се зајакнуваат интегритетот, отчетноста и професионалноста во судската служба.

Со донесувањето на Законот за судска служба, од МП, нагласуваат дека се реализира уште една значајна обврска од Реформската агенда и се прави крупен чекор кон изградба на независно, професионално и ефикасно правосудство.

Новиот закон за јавнообвинителска служба, како што информираат од МП, претставува суштинска реформа која воспоставува современ и функционален систем за управување со јавнообвинителската служба, усогласен со европските стандарди и реалните потреби на јавните обвинителства.

Законот воведува посебен систем за управување со човечките ресурси, со поедноставени и поефикасни постапки за вработување, намалена зависност од надворешни институции и избор на најстручните и најквалитетните кадри.

– Особено внимание е посветено на кариерниот развој на јавнообвинителските службеници. Се воспоставува јасна вертикална кариера и реални можности за професионално напредување до највисоките раководни позиции во службата. Со законот значително се зајакнува и улогата на Советот на јавнообвинителска служба, кој добива пошироки надлежности во областа на кадровската политика, дисциплинската одговорност и заштитата на правата на вработените, што дополнително придонесува за изградба на професионална, независна и одговорна јавнообвинителска служба – стои во соопштението од МП.

Една од најзначајните придобивки е и унапредувањето на материјалната положба на вработените.

-Законот воведува нов систем за пресметка на платите, со кој зголемувањата обезбедени преку колективните договори стануваат составен дел од основната плата. Со тоа се обезбедуваат поголема финансиска сигурност, правична валоризација на трудот и подобра мотивација на вработените, а согласно колективниот договор предвидено е и етапно зголемување на платите – стои во соопштението од МП.

Истовремено, се воспоставува  потранспарентен и поефикасен систем на дисциплинска одговорност, со прецизно дефинирани дисциплински повреди, дисциплински комисии и право на жалба пред Советот на јавнообвинителска служба, со што се гарантира дополнителна заштита на правата на службениците.

Законот овозможува и поголема флексибилност во управувањето со човечките ресурси преку појасно уредени механизми за распоредување и преземање на службеници меѓу јавните обвинителства, со што ќе се обезбеди побрзо пополнување на работните места и поефикасно искористување на расположливите кадровски капацитети.

Поврзани содржини

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

26 јуни 2026

Џон Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна поради задржување доверливи информации

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.