Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ердоган и Мерц телефонски разговараа за подготовките за самитот на НАТО во Анкара

29 јуни 2026

Ирак постави рок за разоружување на проиранските вооружени групи

29 јуни 2026

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постпка

29 јуни 2026

Милошоски: Со најавата за блокада на Изборниот законик, Филипче создава алиби за пораз на следните избори

29 јуни 2026

Татко и син и мајка и бебе спасени од урнатините во Венецуела

29 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Милошоски: Со најавата за блокада на Изборниот законик, Филипче создава алиби за пораз на следните избори

Press OnlineBy Press Online29 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Преку најавата за блокада на Изборниот законик, Венко Филипче создава алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат. Ова на прес-конференција денеска го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, коментирајќи ја најавата на лидерот на опозицискиот СДСМ дека партијата ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека содржи недемократски решенија кои создаваат простор за злоупотреба и контрола на изборниот процес.Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Милошоски смета дека на овој начин Филипче ја докажува и својата главна цел, а тоа, како што вели, е спротиставување на законите од реформската агенда. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја постави дилемата дали лидерот на СДСМ ги следи ставовите на Левица, од каде што претхдоно денеска, исто така, најавија дека ќе ги блокираат предложените измени на Изборниот законик.

„Последната поента што сакам да ја упатам како една остра критика до претседателот на СДСМ, кој многу често знае да ја истакне реторички важноста на граѓаните на Македонија без разлика каде живеат, дали во државата или во дијаспората, е што токму овој ИЗ предвидува електронско гласање на дијаспората, согласно моделите што ги видовме во Француската Република и во Република Естонија. Ваквото електронско гласање на дијаспората цениме дека е многу важно и за нивното учество со гласање на изборите за претседател на државата и за пратеници. Но предавничкиот однос на Венко Филипче, за жал не се гледа само по неговиот однос кон граѓаните во Македонија. туку и преку неговиот пристап кон нашите државјани кои живеат надвор од границите на Македонија“, рече пратеникот Милошоски на денешната прес-конференција во парламентот.

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик во Собранието, отвора врата за изборна кражба
Милошоски оцени дека со ваквите потези, СДСМ ќе ги загуби следните парламентарни избори, кога и да се случат.



Поврзани содржини

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постпка

29 јуни 2026

Жештините не попуштаат: Живата на термометарот во 17 часот близу 40 степени, еве каде беше најпеколно

29 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик во Собранието, отвора врата за изборна кражба

29 јуни 2026
НАЈНОВО

Ердоган и Мерц телефонски разговараа за подготовките за самитот на НАТО во Анкара

29 јуни 2026

Ирак постави рок за разоружување на проиранските вооружени групи

29 јуни 2026

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постпка

29 јуни 2026

Милошоски: Со најавата за блокада на Изборниот законик, Филипче создава алиби за пораз на следните избори

29 јуни 2026

Татко и син и мајка и бебе спасени од урнатините во Венецуела

29 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.