Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат околу центарот на градот.
Портпаролот на полицијата потврди дека пет лица се мртви откако биле испукани истрели. Полисијата соопшти дека некои од повредените се тешко ранети и бројот на жртвите може да порасне.
Полицајците уапсија осомничен. „Две лица се уапсени, а едно од нив е осомничено“, изјави портпаролот на полицијата за Би-Би-Си.
„Ве молиме избегнувајте ја областа“, објави полициската управа на Икс.
Околу 13,45 часот, полицијата потврди дека пет лица се убиени во пукањето во центарот на градот со околу 50.000 жители. Местото на настанот се наоѓа во непосредна близина на младинска институција, пишува „Билд“. Сите убиени се возрасни луѓе.
Позадината на крвавиот напад сè уште е целосно нејасна.

